Гувернерот на Калифорнија ѝ објави војната на сатирата

July 30, 2024
2 mins read

Илон Маск минатата недела сподели видео ко демек реклама за претседателската кампања на Камала Харис. Видеото започнува со глас сличен на Харис, со кој му се заблагодарува на актуелниот претседател Џо Бајден што „ја покажа својата сенилност“ и ѝ дозволи да го заземе неговото место во трката. Притоа се фали како шампион на различноста. „Јас сум и жена и обоена личност“, вели гласот „што значи дека ако ме критикувате, истовремено сте и сексист и расист“. Маск го сподели со коментар ‘This is amazing’ и насмеано емоџи.

Не мора да сте генијалец за да сфатите дека на видеото не е Камала. Таму има референци на многуте чудни мотивациони цитати на Харис, како оној во „Идиократија: 4 минути Камала Харис“. Но, пројде одлично. Автентичното видео од кое е инспирирана ВИ пародијата доби 1,1 милион прегледи на YouTube, ова скоро 130 милиони гледања на X.

Едно лице кое не успеа да ја види смешната страна беше авторитарниот гувернер на Калифорнија, Гавин Њусам. Прозивајќи го Маск, беснееше: „Манипулирањето со глас во „реклама“ како оваа треба да биде нелегално. Ќе потпишам предлог-закон за неколку недели за да биде така!“

Маск одговори маестрално/дебилно во стилот на Симпсонови, со реплика која веќе стана интернет класика:

Маск има право што не му простува на Њусам за неговата авторитарна битка против пародични видеа. Лажната Камала очигледно беше направена за заебанција а не како обид да се измамат гласачите. Треба да си медиумски неписмен на ниво на Амиши за да не ја видиш сатирата, пишува Лорен Смит.

Ова не е прв пат Маск и Њусом да ја спукаат. Маск претходно најави дека централата на Икс и на СпејсИкс ќе ги вади од Калифорнија. Одлуката беше запечатена со новата легислатива која им забранува на училиштата да бараат од наставниците да им кажат на родителите ако детето почне да се идентификува како транс (види: Тоа што не успеа Мао Це Тунг, ќе успеат излудениве либерали). Њусам врати дека Маск свиткал кичма пред Трамп.

Откако стана гувернер во 2019 година, Њусам воведе низа закони во полза на родовите екстремисти, вклучително и принудување на продавниците да имаат делови за родово неутрални играчки.

А Маск има и лична причина зошто е против таа идеологија (види: Воук вирусот е зло. Тоa го уби син ми).

Њусам е катастрофален за Калифорнија по многу линии. Неговите зелени политики беа ужасно скапи, сметките за енергија ги направија ужасно високи а производството неодржливо. Донесе закон кој бара платформите на социјалните медиуми да цензурираат контроверзна содржина под превезот на заштита на децата. Од минатата година, Калифорнија, исто така, го задолжи училиштата да предаваат „медиумска писменост“ како дел од наставната програма. Целта на ова е, наводно, да им помогне на децата да детектираат теории на заговор и други „лажни вести“ на интернет. Сето тоа се програми со јасна пристрасност, каков што ќе биде и овој против „deepfake“ – да се знае што смее да се каже на интернет и кои ликови може да се исмеваат.

„Во суштина, Гавин Њусам не им верува на Калифорнијците дека знаат да го користат сопствениот мозок. Тој очигледно мисли дека обичните луѓе не се способни да разликуваат факти од очигледна фикција без помош на цензура. Неговиот авторитаризам опериран од хумор е многу поголема закана за демократијата од која било пародија на вештачката интелигенција“, пишува Смит.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пожарот над Пехчево се доближува до куќите

Следно

Туркије најостро го осуди атентатот на Исмаил Ханије: „Нападот има за цел ширење на војната во регионот“

Latest from Blog

На Зимските олимписки игри ќе нема агенти на ICE- заканите со протести ги одвратија

Ниту еден агент на американската Служба за имиграција и царинска контрола (ICE) не ја обезбедува американската олимписка делегација на Зимските олимписки игри Милано-Кортина, изјави денес за новинарите висок безбедносен службеник на Олимпискиот

На чичко Драги од Рекорд му е потребна помош: Го чекаат две операции, се наоѓа во болница

Драги Паровски, познат како Чичко Драги од Рекорд, повеќе од 30 години продава дре­бу­лии на својата тезга кај „Рекорд. По операцијата на рак на грло која ја имаше пред неколку години, чичко

Словенија најавува забрана за социјални мрежи за деца под 15 години

Словенечката влада усвои насоки за измени на законот со кои би се ограничило користењето на социјалните мрежи за деца помлади од 15 години, пренесе словенечката агенција СТА. Вицепремиерот Матеј Арчон изјави дека

Димитриеска Кочоска: Буџетските реформи ја зајакнуваат финансиската стабилност

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска заедно со премиерот Христијан Мицкоски и членовите на Владата оствари средба со амбасадорите на земјите членки на Европската Унија, на која се разговараше за спроведувањето на

Под истрага е директорот на Светскиот економски форум поради поврзаност со педофилот Епштајн

Организаторот на самитот во Давос, со седиште во Женева, изјави дека ги испитува информациите од Министерството за правда на САД кои покажуваат дека Бренде имал три деловни вечери со Епштајн и комуницирал
Go toTop