Гутереш: „Војната на Русија против Украина предизвика масовно кршење на човековите права“

February 27, 2023
1 min read

ЖЕНЕВА (АА) – Војната на Русија против Украина предизвика опсежно кршење на човековите права, изјави генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш, на отворањето на 52-та седница на Советот за човекови права на ОН, јавува Анадолу.

„Руската инвазија на Украина ги предизвика најмасовните прекршувања на човековите права што ги доживуваме денес – предизвика масовна смрт, разорување и раселување. Нападите врз цивилите и цивилната инфраструктура предизвикаа многу жртви и страшно страдање“, истакна Антонио Гутереш.

Седницата на Советот за човекови права ќе трае од 27 февруари до 31 март, а на дневен ред е Украина.

Гутереш нагласи дека Канцеларијата на високиот комесар за човекови права документирала десетици случаи на сексуално насилство врз мажи, жени и девојки во конфликтот.

„Исто така документирани се и сериозни прекршувања на меѓународното хуманитарно право и законот за човекови права против воени затвореници и стотици случаи на исчезнувања и произволно притворање на цивили“, рече шефот на ОН.

Тој истакна дека, за жал, Универзалната декларација за човекови права, усвоена пред 75 години, која се претпоставува дека е „наш заеднички план“, премногу често се злоупотребува, а додека се одбележваше 75-годишнината, Универзалната декларација е на удар на сите страни.

Гутереш нагласи дека Декларацијата се искористува за политичка корист и дека некои влади ја отфрлаат, додека други ја користат како топка за рушење.

Без да именува ниту една земја, Гутереш рече дека денешното „јавно непочитување и приватен презир“ кон човековите права е повик за будење.

„Мораме да ја ревитализираме Универзалната декларација и да обезбедиме нејзино целосно спроведување за да се соочиме со новите предизвици денес и утре. Човековите права не се луксуз што може да се остави додека не најдеме решение за другите светски проблеми“, рече Гутереш, истакнувајќи дека тие се решение за многу други светски проблеми.

„Од климатската вонредна состојба до злоупотребата на технологијата, одговорите на денешните кризи се наоѓаат во човековите права“, додаде тој.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Туркије: Едно лице загина, 69 се повредени во новиот земјотрес што ја погоди Малатија

Следно

Ќе дочекаме ли милениците да ги возиме со ЈСП во главниот град?

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop