Гутереш вели дека глобалното владеење е заглавено во времето, бара реформи пред Генералното собрание

September 19, 2023
1 min read

ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ (АА) – Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, денес ги повика светските лидери да ги реформираат мултилатералните институции, вклучително и Советот за безбедност и меѓународната финансиска архитектура врз основа на актуелната економска и политичка реалност додека Генералното собрание ја отвори својата 78-ма сесија, јавува Анадолу.

„Глобалното владеење е заглавено во времето. Не гледајте подалеку од Советот за безбедност на Обединетите нации и системот на Бретон Вудс. Тие ја одразуваат политичката и економската реалност од 1945 година“, рече Гутереш на најголемиот дипломатски собир во светот во седиштето на ОН во Њујорк.

„Светот се промени. Нашите институции не. Не можеме ефикасно да се справиме со проблемите какви што се ако институциите не го рефлектираат светот таков каков што е“, рече тој.

Тој предупреди дека светот е сѐ поблиску до „Голема фрактура“ во економските и финансиските системи и дека трговските односи со геополитичките тензии се зголемуваат.

„Алтернативата на реформите е дополнителна фрагментација. Реформа или прекин“, рече тој.

Осврнувајќи се на проблемите со кои се соочува светот, од климатските промени до војни, нуклеарни закани, природни катастрофи, нееднаквости и глад, тој рече: „Ако не ги храниме гладните, храниме конфликти.“

„И покрај нашата долга листа на глобални предизвици, истиот дух на решителност може да нѐ води напред. Да бидеме решени да ги лечиме поделбите и да создадеме мир“, додаде тој.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ивановска: КЗ – лоша порака до граѓаните – Павле Трајанов поднесе иницијатива за преиспитување на уставноста

Следно

Протест на вработените во судска администрација, поддршка добија од претседателот на Судскиот совет

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop