Густа магла го обви познатиот мост „Голден гејт“, симболот на Сан Франциско

January 7, 2025
1 min read

КАЛИФОРНИЈА (AA) – Рано утрово густа магла го покри мостот „Голден Гејт“ во подрачјето на заливот Сан Франциско во американската сојузна држава Калифорнија, создавајќи мистичен пејсаж , јавува Анадолу.

Фоторепортерот на Анадолу сними импресивни фотографии од местото Марин Хедлендс во Саусалито.

Луѓето се искачуваат на ридот Хок во Марин Хедлендс за да имаат најдобар поглед и да го фотографираат прекрасниот пејзаж.

Мостот „Голден Гејт“ е препознатливо обележје на градот Сан Франциско и еден од најпознатите мостови во светот.

Отворен е во 1937 година по четиригодишна борба на архитектите со немилосрдните ветрови, маглата, карпите и плимата и е еден од најголемите висечки мостови. Долг е 2,7 километри, а закотвен е со кули кои достигнуваат височина од 227 метри.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сиљановска-Давкова за ветото: Јас не сум Уставен суд и нема да оценувам, упатив повик уште еднаш да се разгледаат членовите од Законот

Следно

Ново поглавје на Клиничка биохемија: Скратено времето за добивање здравствена услуга при прием на пациентот од 2 часа на 15 минути

Latest from Blog

Стабилизирани цените на горивата: Владата спречи ценовен шок и ги заштити граѓаните и економијата

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека со одлукaта на Владата и постапувањето на надлежните институции, се потврди клучната цел – спречено е поскапување на горивата и постигната

Комерцијална банка и Алкалоид најтргувани на денешната сесија – МБИ10 со благ пад од 0,07%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од 23 март 2026 година, индексот МБИ10 забележа пад од 0,07% и заврши на 9.949,44

Намален ДДВ, стабилни цени – Владата го ублажи ударот врз граѓаните

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека со одлукaта на Владата и постапувањето на надлежните институции, се потврди клучната цел – спречено е поскапување на горивата и постигната
Go toTop