Групата Вагнер повторно започна со регрутација на борци предводени од синот на Пригожин

November 2, 2023
1 min read

МОСКВА (АА) – Руската паравоена група „Вагнер“ повторно започна со регрутација на борци во два региона во земјата неколку месеци по смртта на нејзиниот основач и лидер, објавија локалните медиуми, пренесува Анадолу.

Регрутираните се инкорпорираат во Росгвардија, или Руската национална гарда, како една од нејзините единици, која ја води 25-годишниот Павел Пригожин, син на Евгениј Пригожин, кој загина во авионска несреќа во август, јави „59.ru“.

Регрутирањето, наводно, се одвива во руските региони Перм и Новосибирск.

Новинарите дојдоа до објавата за продолжување на регрутирањето во Перм објавено на регионалниот канал на „Вагнер“ на Телеграм.

Тие разговараа со локалните претставници на „Вагнер“ и дознаа дека групата сега е посебна единица на Росгвардија под водство на Павел.

„Амблемите и симболите остануваат исти. Ги регрутираме оние кои веќе имаат борбено искуство, вклучувајќи ги и оние кои веќе работеле за приватната воена компанија. Единствената разлика е во тоа што регрутираме само слободни луѓе, а не од затвори“, истакна локален претставник на „Вагнер“.

Евгениј Пригожин загина во авионска несреќа на 23 август, по два месеца откако „Вагнер“ се дигна на краткотраен бунт против руската Влада.

Припадниците на „Вагнер“ во последните години беа распоредени во Африка, како и во Украина, каде што Москва започна „специјална воена операција“ во февруари 2022 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Синдикатот на полицијата поднесе кривични против МВР и неколку функционери

Следно

Маж од Гостивар си реемитувал телевизиски канали без лиценца – имал 2800 клиенти, плаќале 100 евра годишно!

Latest from Blog

Официјални информации за земјотресот кој вечерва ги вознемири граѓаните во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 5 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Р. Косово,

БМВ и камион се судрија настана пожар кај Хиподром, затворен автопатот кон Скопје

Тешка сообраќајна несреќа проследена со пожар вечерва предизвика целосен застој на автопатот на влезот во Скопје, на потегот кај Хиподром во правец кон главниот град. Според првичните неофицијални информации, станува збор за

Снимено е убиството на 29- годишен фудбалер, главен осомничен е брат му (ВИДЕО)

Главниот осомничен за убиството на 29-годишниот Пирес е неговиот сопствен брат, кој побегнал од местото, јавуваат аргентинските медиуми. Клубот Алмирате Браун каде настапуваше Пирес излезе со соопштение во кое изразува сочувство до
Go toTop