Групата од Грчец имала соработници во разни институции!

January 26, 2024
1 min read

Ова е можеби една од најзначјаните истраги, со која се финишира кон целосно разбивање на криминалните групи кои делувале повеќе од 30 години на територијата на Град Скопје. Вака министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ја опиша акцијата во село Грчец, по која 16 лица се сомничат за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, убиства и обиди за убиства. Во акцијата се уапсени седум лица, од кои шест во земјата, едно во Шпанија, а другите подолг временски период се надвор од Македонија, но според Спасовски полицијата знае каде се и има соработка со Европол.

Сите биле членови на меѓународна организирана криминална група, а ги предводел Ш.М. (46) од село Грчец. Освен што се занимавала со набавка на кокаин од земјите на Јужна Америка, групата била формирана со цел вршење на убиство од одмазда и по порачка од користољубие.

Како што кажа министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, групата имала соработка и со лица од државни институции.

„Има веќе многу податоци и утврдивме лица од институции на државата коишто ги пренесувале податоците, односно биле соработници на криминалните активности и ова е почеток на чистење на тие криминални структури во институциите на системот, а јакнење на довербата кај граѓаните. Ќе бидете сведоци во наредниот период за нови активности, некогаш ќе бидете и зачудени од имињата, меѓутоа правдата мора да го стигне секој. Сигурно дека ќе ги откриеме кога ќе дојде момент за таа работа“, рече Спасовски.

Информацијата не е изненадувачка, ако се има предвид дека многу малку беше пронајдено со акцијата „Планина“, спроведена во Грчец во март 2021 година. Тогашната шефица на ОЈО ГОКК, Вилма Русковска се пожали дека акцијата била пробиена.

Извор: Дојче Веле

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Јапонското летало направи неверојатно прецизно слетување на Месечината (ФОТО)

Следно

Со забраната за динарот, Косово се обидува да ја прекине врската меѓу Србите на северот и Белград

Latest from Blog

Шкорпијата да направи нешто романтично за саканата личност, а Вагата да одмара навечер

ОВЕН Иако денес ќе треба да патувате или да се занимавате со нешто уникатно и невообичаено, внимавајте на вашите секојдневни обврски и активности во спротивно ќе се појават проблеми. Следете ги правилата

Петрушевски: Криминалната шема на СДС и ДУИ во ЕСМ – наместени тендери од 8 милиони евра и испрани 2 милиони

Криминалната шема на СДС и ДУИ во ЕСМ, испрала 2 милиони евра, пари на граѓаните. Во 2023 година, под раководство поставено од тогашната власт на СДС и ДУИ, во ЕСМ бил наместен

МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ ЗАГИНАЛЕ НА АВТОПАТОТ БЕЛГРАД – НИШ, автомобилот имал германска регистрација

Две лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград-Ниш, дознава „Telegraf.rs“. Неофицијално, возачот на автомобилот „Сеат“ ја изгубил контролата врз возилото и излетал од патот. Маж

На култниот португалски клуб му се заканува целосно згаснување на крајот од годината

Фото: Боависта Х Поранешниот португалски шампион Боависта минува низ најтешките моменти во својата историја. Откако клубот беше исфрлен во аматерскиот ранг на натпреварување, сега му се заканува и целосно згаснување. Судот донесе
Go toTop