Груби: Од медиумите дознав за одлуката на Стејт департментот, засегнат сум директно и лично

December 9, 2024
1 min read

„Во недостиг на детални информации, дознав од медиумите за денешната одлука на Стејт департментот“ напиша поранешниот вицепремиер Артан Груби на социјалните мрежи во врска со одлуката на Стејт департмент на САД да го постави на црната листа.

Груби беше ставен на црната листа заедно со судијата од Апелациониот суд, Енвер Беџети поради корупција во врска со судски случај поврзан со Сашо Мијалков.

Груби вели дека целиот свој јавен живот го посветил на на одбраната на западните демократски вредности и секогаш посветено работел за членството на земјата во НАТО и во Европската Унија, поради што оваа одлука го засегала директно и лично.

„Ќе се обврзам со сета посветеност и максимално, заедно со сите наши пријатели и партнери, со кои ја споделувавме визијата и работевме со години за интеграција на земјата во евроатлантските структури, целосно да го разјасниме ова прашање“ вели Груби.

Тој додава дека танспарентноста и посветеноста на демократските вредности и понатаму ќе биле главниот столб на секоја негова акција.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВИДЕО: Моментот кога Бујар Османи и Арбер Адеми сфаќаат дека Груби е ставен на американската црна листа

Следно

ВИДЕО: Снимка од дрон од вечерашниот пожар на качанички пат во скопско Визбегово

Latest from Blog

ВЛЕН: Владината коалиција е стабилна, продолжуваме со исполнување на ветувањата

Централното претседателство на ВЛЕН одржа редовна седница на која беа разгледани актуелните политички случувања и беа потврдени приоритетите на коалицијата за претстојниот период. Од ВЛЕН порачуваат дека остануваат посветени на реализацијата на

Славески: Електронското и мобилното банкарство на „АЛТА банка“ повторно се достапни

Клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола од денеска повторно можат да ги користат електронското и мобилното банкарство за плаќање сметки и други обврски, како и за располагање со своите средства, соопшти гувернерот

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Ѓурѓај се сретна со д-р Ѓорѓевиќ, претставничка на Европскиот центар за прашања на малцинствата

Разговор за правата на македонското национално малцинство во Албанија и можностите за унапредување на соработката меѓу Македонското друштво “Илинден“-Тирана и Европскиот центар за прашања на малцинствата. Во рамките на Дијалогот на Шлезвиг-Холштајн,

Божиновска: Со BAE Systems ја зајакнуваме заштитата на критичната енергетска инфраструктура

Воспоставувањето секторски Центар за безбедносни операции (SOC) и можностите за негово финансирање беа во фокусот на работниот состанок на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со претставници на BAE
Go toTop