Грција: Пратениците кои ја напуштија главната опозициска партија формираа нова парламентарна група

December 5, 2023
1 min read

АТИНА (АА) – Единаесет пратеници во грчкиот Парламент, кои минатиот месец ја напуштија главната опозициска партија Сириза, го објавија формирањето нова пратеничка група, пренесува Анадолу.

Лидерот на групата Нова левица, поранешниот министер за внатрешни работи Алексис Чарицис, рече дека сакаат „нова, модерна, европска левица, сигурна, борбена, визионерска левица, широка и отворена левица што говори искрено и јасно“, наведува државната новинска агенција АМНА.

Тврдејќи дека грчката политичка сцена преживува голема криза, која се манифестира преку поделбите во нивната поранешна партија Сириза, тој рече дека постои потреба да се изнесе здрав, амбициозен план што ќе даде одговори на главните прашања на денешницата, како што се: климатската криза, социјалната нееднаквост и севкупниот квалитет на демократијата во 21 век.

„Новата левица ќе води голема битка на европските избори во јуни 2024 година со прогресивни идеи што ќе бидат преточени во дела“, нагласи Чарицис.

Пратениците го обвинија лидерот на Сириза, Стефанос Каселакис, дека партијата ја води „недемократски“.

Меѓу пратениците кои поднесоа оставка во партијата се поранешната министерка за труд Ефи Ахциоглу, поранешната заменик-министерка за надворешни работи Сиа Анагностопулу, поранешниот заменик-министер за труд Насос Илиопулос, поранешниот портпарол на Владата, Димитрис Цанакопулос, една од основачите на партијата Меропи Цуфи, поранешниот заменик- министер за социјална солидарност Теано Фотиу, поранешниот министер за внатрешни работи Алексис Чарицис и пратениците Озгур Ферхат и Хусеин Зејбек, кои го претставуваат турското малцинство во Западна Тракија.

Подоцна им се придружи и поранешниот министер за финансии Евклид Цакалотос, додека поранешната членка на централниот комитет на партијата Пети Перка ја напушти партијата пред нив.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Отворен e повикот за „Изведувачка Европа“ поддржан од Програмата „Креативна Европа“

Следно

Царинска управа: Спречен обид за шверц на 50 тони дизел гориво декларирано како базно масло

Latest from Blog

Официјални информации за земјотресот кој вечерва ги вознемири граѓаните во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 5 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Р. Косово,

БМВ и камион се судрија настана пожар кај Хиподром, затворен автопатот кон Скопје

Тешка сообраќајна несреќа проследена со пожар вечерва предизвика целосен застој на автопатот на влезот во Скопје, на потегот кај Хиподром во правец кон главниот град. Според првичните неофицијални информации, станува збор за

Снимено е убиството на 29- годишен фудбалер, главен осомничен е брат му (ВИДЕО)

Главниот осомничен за убиството на 29-годишниот Пирес е неговиот сопствен брат, кој побегнал од местото, јавуваат аргентинските медиуми. Клубот Алмирате Браун каде настапуваше Пирес излезе со соопштение во кое изразува сочувство до
Go toTop