Грозданов: Современа противпожарна опрема за сите пожарникари и функционална хидрантска мрежа во Кочани

October 7, 2025
1 min read

Натпартискиот кандидат за градоначалник, поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, Владко Грозданов, во рамки на својата предизборна програма најави серија мерки за подобрување на безбедноста и противпожарната заштита во општината.

– Во наредниот четиригодишен мандат, ќе се посветиме на зајакнување на капацитетите за заштита и превенција од пожари. Тоа значи грижа за граѓаните, шумите, инфраструктурата и безбедноста на целиот град, изјави Грозданов.

Меѓу клучните проекти што ги најави се набавка на современа противпожарна опрема за сите пожарникари, ново навално возило и противпожарни цистерни. Дополнително, ќе се спроведе ревизија и оспособување на градската и станбената хидрантска мрежа, со цел поголема ефикасност при интервенции.

Грозданов истакна и дека ќе се усогласи бројот на вработени во противпожарните служби согласно законските прописи, за да се обезбеди нивно функционално и ефикасно работење.

– На 19-ти октомври направете го вистинскиот избор. Поддржете ја советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата – број 9, порача Грозданов.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Комерцијална банка, Алкалоид и Макпетрол со најголем дневен промет

Следно

Која храна треба повеќе да се консумира за време на процесот на слабеење?

Latest from Blog

Божиновска: Со Бугарија отвораме нови можности за енергетска соработка

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска во Белград оствари билатерална средба со бугарската министерка за енергетика Ива Петрова, во рамки на Вториот министерски самит на Македонија, Бугарија, Грција и
Go toTop