Грипот се повлекува, но опасноста останува: Четири починати од почетокот на сезоната

February 7, 2026
1 min read

Иако епидемиолошките податоци укажуваат на намалување на бројот на новозаболени, сезонскиот грип и понатаму остава сериозни последици кај најранливите категории. Институтот за јавно здравје информира дека е регистрирана уште една жртва, со што бројот на починати од почетокот на сезоната се искачи на четири.

Последниот смртен случај е 62-годишен маж од Тетово, кој поради тешка клиничка слика бил хоспитализиран на Инфективното одделение при Клиничката болница во градот. Кај пациентот лабораториски била потврдена Инфлуенца А, а состојбата дополнително се влошила поради постоечки хронични заболувања. Според лекарите, пациентот не бил вакциниран против сезонски грип, што претставувало дополнителен ризик.

ИЈЗ наведува дека, и покрај смртните случаи, најновите бројки покажуваат охрабрувачки тренд. Во последната недела од јануари се регистрирани 1.498 заболени, што претставува намалување од 12,3 проценти во однос на претходната недела. Во споредба со истиот период лани, кога бројот на заболени надминувал 3.000, годинашниот бран има значително послаб интензитет.

Најмногу случаи повторно се регистрирани во Скопје – 473. Висока бројка на заболени има и во Прилеп со 146 случаи и во Струмица со 139. За разлика од нив, во Берово, Делчево и Крива Паланка воопшто не се евидентирани случаи на грип.

Според возрасната структура, најголем дел од заболените се лица на возраст од 15 до 64 години, но највисока инциденца е забележана кај децата до 4-годишна возраст. Стручњаците посочуваат дека ова е очекувано за овој период од годината, кога вирусите лесно се шират во колективи како градинките.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Опуштена средба без формалности: Проданоски „на кафе со младите“ во Прилеп

Следно

Следува период на пообилни локални врнежи и снег на повисоките места и планините

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop