Грешка во системот за сигнализација ја предизвика несреќата во Индија во која загинаа повеќе од 300 луѓе

June 4, 2023
1 min read

БАЛАСОР (АА) – Повеќе од 300 луѓе загинаа, а стотици се повредени во страшната железничка несреќа што се случи во индиската држава Одиша, пренесува Анадолу.

Несреќата се случи во округот Баласор, во државата Одиша во петокот, по што започна голема спасувачка акција во која освен полицијата, учествуваа и припадници на Националната гарда за одговор при катастрофи, воени и други агенции, соопштија официјални лица.

Според првичните информации, несреќата е предизвикана од грешка во системот за електронска сигнализација и поради тоа возот погрешно го сменил колосекот, изјави денес индискиот министер за железница, Ашвини Ваишнав.

„Кој го стори тоа и која е причината, ќе го утврди истрагата“, рече Ваишнав.

Екипите работат на расчистување на теренот по железничката несреќа.

Станува збор за една од најсмртоносните железнички несреќи во земјата во последните неколку децении.

Првичната истрага откри дека на брзиот воз „Коромандел експрес“ му е даден сигнал да влезе на главната пруга, но подоцна сигналот е отстранет, а возот наместо тоа влегол во соседната пруга, каде што се судрил со товарен воз.

Потоа дошло до судир со уште еден воз. Патничките возови превезувале вкупно 2.296 патници.

Петнаесет тела се пронајдени во саботата вечер, а активностите продолжија и во текот на ноќта, бидејќи големи дигалки се користени за отстранување на вагоните.

Несреќата се случи во време кога премиерот Наренда Моди се фокусираше на модернизација на британската железничка мрежа од колонијалниот период во Индија. Индија во моментов е најбројна земја на светот со население од 1,42 милијарди луѓе.

И покрај напорите на Владата да ја подобри безбедноста на железницата, неколку стотици несреќи секоја година се случуваат во Индија, која ја има најголемата железничка мрежа во светот под една управа.

За повеќето железнички несреќи во Индија причина се човечки грешки или застарена опрема за сигнализација.

Повеќе од 12 милиони луѓе секојдневно се возат со 14.000 возови низ Индија, изминувајќи пат долг 64.000 километри по железничките линии.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бензема заминува од Реал Марид

Следно

Азар би можел да ја заврши кариерата по заминувањето од Реал Мадрид

Latest from Blog

Индонезија добива прв носач на авиони: Поранешниот италијански „Џузепе Гарибалди“ плови кон новиот сопственик

По формалното предавање, на бродот ќе му биде дадено индонезиското знаме и новото име „КРИ Гаџа Мада“. Се очекува патувањето до Индонезија да трае повеќе од 20 дена, преку Суецкиот канал и

Јувентус и Борусија (Д) во финална битка за Волтемаде

фото: Newcastle United (X) Јувентус е во преговори со Њукасл Јунајтед за ангажман на германскиот напаѓач Ник Волтемаде на позајмица. Според италијанските медиуми, клубовите разговараат за едногодишна позајмица со надомест од околу

Иран ги нападна американските воени бази во Јордан- Трамп се закани со одмазда

„Ќе ги погодиме силно. Ќе има одговор“, потврди Трамп во телефонски разговор со Треј Јингст од Фокс њуз. Тој истакна дека американските системи за воздушна одбрана ги пресретнале сите освен една од

Меси го објави своето повлекување од репрезентацијата на Аргентина

ФОТО:.facebook.com/AFASeleccionEN/ Лионел Меси објави дека ја завршува репрезентативната кариера и повеќе нема да игра за Аргентина. Капитенот на „гаучосите“ одлуката ја соопшти преку емотивна порака на социјалните мрежи, по повеќе од 20

Во руски напади уништени 12 милиони книги и учебници – Киев тврди дека станува збор за планирана кампања

Во нападот целосно бил уништен погон во кој требало да се испечатат околу 1,3 милиони учебници, што претставува приближно 10 отсто од сите учебници планирани за печатење во украина, објави Би-Би-Си. Комерцијална
Go toTop