GREEN MACHINES ГО ЗАЈАКНУВА ПРИСУСТВОТО НА АМЕРИКАНСКИОТ ПАЗАР – GM720ze И GM500Zze ПРЕТСТАВЕНИ НА САЕМ ВО ХЈУСТОН

September 12, 2026
1 min read

Green Machines, бренд на македонската компанија БРАКО, продолжува да го зајакнува своето присуство на американскиот пазар. Компанијата учествуваше на саемот PWX 2026 во Хјустон, САД, каде заедно со својот дилер за Тексас, IDS Equipment, ги претстави електричните метларки GM720ze и GM500ze.

Присуството во Хјустон беше можност Green Machines да ги претстави своите целосно електрични решенија за урбано чистење пред американската професионална јавност.

Интересот за електричните метларки на Green Machines во САД расте, а меѓу неодамнешните клиенти на компанијата се Disney Studios и Градот Сиетл. Машини на Green Machines веќе работат на повеќе локации низ Соединетите Американски Држави, што за компанијата претставува значајна потврда за конкурентноста на производите развиени и произведени во Македонија.

„Како сопственик, горд сум на она што Green Machines го постигнува на американскиот пазар.

Особено сум горд што машини дизајнирани и произведени во Македонија денес работат низ Соединетите Американски Држави, кои се еден од најголемите и најконкурентните пазари во светот. Неодамнешните нарачки од клиенти како Disney Studios и Градот Сиетл се уште една потврда за довербата што ја градиме. Ова е резултат на работата на нашиот тим во САД и на партнерите кои ја препознаваат вредноста на нашиот бренд“, истакна сопственикот на БРАКО и Green Machines, проф. д-р Кочо Анѓушев, во објава на социјалните мрежи, честитајќи им за постигнатите резултати на вработените во Green Machines US, компанијата-ќерка на македонската Green Machines, со седиште во Калифорнија.

На PWX 2026, Green Machines настапи заедно со IDS Equipment, својот дилер за Тексас, кој е дел од продажната и сервисната мрежа преку која компанијата го развива своето присуство на американскиот пазар.

PWX е еден од значајните настани за секторот на јавни и комунални услуги во Северна Америка, кој на едно место ги поврзува професионалците од областа на јавната инфраструктура, претставници на градови и локални власти, комунални претпријатија, инженери и компании кои нудат современи решенија за урбаните средини.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Додека се тие лица во федерација – не играм за репрезентација!

Следно

Министерство за финансии: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед – потврда за стабилноста и конзистентноста во економските политики

Latest from Blog

(ВИДЕО) ГОРИ И ИТАЛИЈА? Протест во Милано, судири кај Дуомо повредени полицајци и демонстранти!

До вечерта – додека мали групи сè уште напаѓаа – бројот на жртви беше исклучително голем: околу 50 лица беа уапсени, вклучувајќи многу малолетници, неколку полицајци и демонстранти беа повредени, а центарот

Флик: Барселона заслужено го победи Бетис

Девет победи во девет меча за Барселона во шпанското првенство покажува дека тимот предводен од тренерот Ханси Флик е подготвен да ја одбрани титулата освоена минатата сезона. Барселона го помина и последниот

Мерц, АНГЕЛА РЕЧЕ „НЕ“ (ВИДЕО)

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел смета дека Христијанско-демократската унија (CDU) не треба да соработува со крајно десничарската Алтернатива за Германија (AfD). „Би ми било тешко да се влезе во коалиција со нив,

ВИДЕО – Проданоски: Инвестираме во патната врска меѓу Прилеп и Долнени

Се рехабилитира локалниот пат што поминува низ Мажучиште и ги поврзува општините Прилеп и Долнени, во должина од околу два километра, информира градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски. Според него, делницата има значајна
Go toTop