Грчки научник: Турските земјотреси се меѓу најсилните регистрирани досега

April 29, 2023
2 mins read

АТИНА (АА) – Земјотресите што погодија 11 јужни турски области се меѓу најсилните досега регистрирани земјотреси, изјави истакнат грчки научник по применета геологија, јавува Анадолу.

„Она што ги прави посебни, сепак, е степенот на нивното влијание врз една од најгусто населените области во Туркије“, рече Ефтимис Лекас од атинскиот Универзитет, повторувајќи дека тој, заедно со тим грчки научници, ги посетиле подрачјата погодени од земјотресот.

„Степенот на штетата е огромен, како што се очекува за земјотрес од оваа јачина“, изјави тој за Анадолу.

На прашањето за одговорот на компетентните турски власти на катастрофата, Лекас рече дека се спроведени итни активности за одговор [на катастрофата] и закрепнување во согласност со предвиденото во плановите за справување со вонредни состојби и земјотреси во земјата.

Но тој истакна дека јачината на земјотресите и, следствено, тешките последици ја принудиле Туркије да побара помош од странски тимови за пребарување и спасување, вклучително и од Грција.

„Ова е ситуација до која може да биде доведена која било друга земја што би морала да се справи со земјотрес со толкава магнитуда, интензитет и обем на уништување во густо населена област“, рече тој.

– Приемот во Туркије –

Посочувајќи дека Грција е една од првите земји што ѝ понуди помош на Туркије, тој рече дека грчките тимови, во кои бил и тој, со оглед на природата на работата, често работеле под неповолни физички и физиолошки услови.

Но Лекас додаде дека нивниот професионализам и несебична работа дејствувале како катализатор за надминување на пречките и спасување на пет лица и извлекување на пет луѓе во бессознание од под урнатините.

Тој истакна дека интеракцијата меѓу грчките тимови и турските жители докажала дека луѓето од двете земји не ги дели апсолутно ништо.

„Грчките тимови за пребарување и спасување посведочија на прифаќањето и ги доживеаја емоциите од лицето на турските граѓани и прифаќањето на официјалните државни претставници на Туркије, кои изразија благодарност за поддршката и солидарноста на Грција и грчкиот народ по разорните земјотреси“, рече тој.

– Лекции за Грција –

Лекас нагласи дека Грција извлекла многу лекции од земјотресите во Туркије, и на научно и на оперативно ниво.

„По новите податоци од земјотресот во Туркије, кои ги дознавме од спасувачките и научните мисии во регионот погоден од земјотресот, поставени се приоритети за надлежните служби во Грција, кои во суштина започнаа со примарни и секундарни инспекции на државните згради“, рече тој.

Покрај тоа, Лекас додаде дека грчките власти одлучиле да ги интензивираат и зајакнат програмите за обука на персоналот за цивилна заштита, како и на населението, со акцент на посебните категории, старите и лицата со посебни потреби, студентите и работниците.

Тој нагласи дека за да се ублажат последиците од земјотресите, без оглед дали се случуваат во Грција, Туркије или на друго место, секој мора да преземе одговорност, од државните власти и градските општини до провинциските општини и жителите.

Два земјотреса со јачина од 7,7 и 7,6 степени по Рихтеровата скала ги погодија јужните делови на Туркије на 6 февруари, во кои загинаа над 50.000 луѓе.

Од земјотресите во Туркије погодени се околу 14 милиони луѓе, и многу други во Северна Сирија.

Грција беше меѓу првите земји што изрази сочувство и понуди помош кога земјотресите погодија 11 јужни турски области.

Исто така, Туркије беше прва земја што изрази сочувство и помош по железничката несреќа што се случи на 28 февруари во Северна Грција, во која загинаа најмалку 57 лица.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

ЖИВОТОТ НЕ ПРЕСТАНУВА, ЗАТОА И ТАНЦОТ НЕ ПРЕСТАНУВА, ВЕЛИ КИНЕСКАТА ТАНЧАРКА ЈАНГ ЛИПИНГ ВО МЕЃУНАРОДНАТА ПОРАКА ЗА СВЕТСКИОТ ДЕН НА ТАНЦОТ

Следно

Општина Карпош ги зголеми финансиите за субвенции за полагање возачки испит

Latest from Blog

Тоневски го одбележа Меѓународниот ден на лицата со попреченост во Пробиштип

Денес, во Дневниот центар во Пробиштип, градоначалникот Тони Тоневски заедно со вработените и корисниците го одбележа Меѓународниот ден на лицата со попреченост. „Лицата со попреченост заслужуваат да ги користат сите права рамноправно

Новото лице на локалната власт: Игор Николоски заменик градоначалник во Прилеп

Игор Николоски, докажан професор во Основното музичко училиште „Ордан Михајлоски – Оцка“, е именуван за новиот заменик градоначалник на Општина Прилеп. Николоски има долгогодишно искуство како советник во Советот на Општина Прилеп,

„Ербас“ ја намалува целта за испорака на авиони за 2025 година на 790

Најголемиот светски производител на авиони сега предвидува испорака на околу 790 патнички авиони, што е намалување од претходно планираните 820. И покрај неуспехот, извршниот директор Гијом Фори ги потврди финансиските цели на
Go toTop