Грчката опозиција: Праведното решавање на палестинското прашање задолжително за мирот

October 2, 2024
1 min read

АТИНА (АА) – Главната грчка опозициска левичарска партија Сириза денес истакна дека праведното решавање на палестинското прашање е итно бидејќи конфликтот што започна во октомври минатата година продолжува да ескалира и да се шири, јавува Анадолу.

„Контиунираната ескалација на израелската војна врз Либан создава услови за пошироко разгорување на огнот на Блискиот Исток со последици кои не можат да се контролираат и со цивилни жртви“, се вели во соопштението на партијата.

Потсетувајќи на своето претходно предупредување дека „нова регионална војна без правила со големо страдање на цивилното население е неизбежна со импликации што ги надминуваат географските граници на Блискиот Исток“, партијата нагласи дека апелот на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, за итен прекин на огнот треба итно да се слушне.

„Истовремено, итно е постигнувањето праведно решавање на палестинското прашање врз основа на меѓународното право“, се додава.

Во меѓувреме, во видео изјава, шефот на грчката Комунистичка партија Димитрис Куцубос повика на повлекување на сета поддршка за државата Израел.

Во спротивно, тој рече: „Грчката Влада би презела огромни одговорности затоа што ќе го одведе нашиот народ во поопасни авантури и ќе го направи нашиот народ цел на одмазда“.

Синоќа, Иран изврши голем ракетен напад врз Израел како одмазда за атентатите на лидерот на Хамас, Исмаил Ханије, челникот на Хезболах, Хасан Насрала, и на командантот на Иранската револуционерна гарда.

Регионалните тензии ескалираа поради бруталната офанзива на Израел врз Појасот Газа, во која убиени се над 41.600 Палестинци, главно жени и деца, по нападот на Хамас во октомври минатата година.

Конфликтот се прошири во Либан, а Израел започна смртоносни напади низ целата земја, во кои од 23 септември убиени се над 1.073 луѓе, а повредени речиси 3.000.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Петрушевска: Пропагандата и дезинформациите станаа алатка за нанесување штета на политиката на проширување на ЕУ

Следно

Барселона сака да го врати Нејмар следното лето

Latest from Blog

Мадуро во порака повика на мир и единство во Венецуела

„Денес, повеќе од кога било, повикуваме на континуирани напори за консолидирање на мирот во земјата, национално единство, помирување, простување и повторно обединување на сите. Никој нека не отстапува од патот на дијалогот,

Николоски: Поставен нов радарски систем на охридскиот аеродром, создаваме нова слика за аеродромите

Создаваме една комплетна инфраструктурна слика за Охрид и охридското крајбрежје. Инвестициите во инфраструктурата, реконструкцијата и надградбата на охридскиот аеродорм и политиката на провлекување на нови авиолинии ќе донесат бројни патници и туристи

Аеродромот во Охрид влегува во нова ера – ова ќе биде новиот капацитет на аеродромот

На охридскиот аеродром Св. Апостол Павле аеродром Охрид започна сериозна реконструкција, надградба и проширување – прва ваква голема интервенција од неговата изградба досега. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека
Go toTop