Грчката опозиција повика на официјално признавање на Палестина

November 29, 2024
1 min read

АТИНА (АА) – По повод Меѓународниот ден на солидарноста со палестинскиот народ, две големи грчки левичарски опозициски партии денес го повторија своето барање Владата официјално да ја признае Палестина како држава, јавува Анадолу.

Рена Дуру, одговорна за политиката на СИРИЗА за надворешните работи, ја нагласи итноста за правично решавање на палестинското прашање, истакнувајќи: „Како императив денес повеќе од кога било досега е потребата за праведно решавање на палестинското прашање, клучното прашање за мир со правда на Блискиот Исток, еден од најмилитаризираните региони, вклучувајќи го и нуклеарното оружје. Правично решение што значи формирање на независна и одржлива палестинска држава според границите од 1967 година, со Источен Ерусалим (Источен Кудс) како главен град на палестинската држава, и со мирно коегзистирање на двете држави.“

Во соопштението понатаму се нагласува дека „првиот чекор во оваа насока е признавањето на државата Палестина од страна на меѓународната заедница, како што веќе направија европските држави, но не и Грција.“

СИРИЗА, исто така, ја повика Владата да ја изрази својата посветеност на меѓународното право со спроведување на одлуката на Меѓународниот кривичен суд за издавање налог за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Слично на тоа, Димитрис Куцумпас, генералниот секретар на Грчката комунистичка партија (ККЕ), порача: „Единственото решение е крајот на израелската окупација, со создавање на единствена независна палестинска држава, со Источен Ерусалим како главен град, според границите од 1967 година. Едногласната одлука на грчкиот Парламент од 2015 година за признавање на независната палестинска држава од страна на земјата треба веднаш да се имплементира.“

Меѓународниот ден на солидарноста со палестинскиот народ е прогласен од Генералното собрание на Обединетите нации во 1977 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Петрушевска: Посакуваме час поскоро стабилна Влада во Бугарија со која ќе може да разговараме за придвижување на европската интеграција

Следно

Аморим: Нема изговори, мора да го победиме Евертон

Latest from Blog

Хоспитализиран тренерот на Аталанта

Хрватскиот стратег на клупата на Аталанта, Иван Јуриќ, го пропушти почетокот на подготовките на калчолигашот поради здравствени проблеми. Аталанта соопшти попладнево дека здравствената состојба на Јуриќ се подобрува и се очекува наскоро

19 годишна девојка итно хоспитализирана, братот (23) случајно ја застрелал додека и го покажувал пиштолот

Девојка (19) е ранета денес во пукотница што се случила во близина на Универзитетот во Нови Пазар, откако нејзиниот брат Д. А. (23) испукал куршум од пиштол и случајно ја погодил, јавува
Go toTop