Гратис викенд фантазирање

July 14, 2023
1 min read

Во средата ниту еден од играчите на Пауербол не успеа да ја погоди добитната комбинација (23, 35, 45, 66, 67 и дополнителен број 20)  па премијата за следното извлекување од 750 стигна до 875 милиони долари. Последен пат Пауербол се падна на 19 април, на ливче купено во Охајо, со награда од 252,6 милиони долари. Од тогаш има 35 извлекувања по ред без ниту еден добитник.

Сегашната награда е шести по големина џекпот во историјата на играта. Најголемата премија се падна во ноември минатата година, кога ливче уплатено во Калифорнија доби 2,04 милијарди долари.

И за идниот милионер важат стандардните правила, или да го добие целиот џекпот во годишни рати, или веднаш да добие половина од сумата. Ако се реши на рати, на добитникот му следува по еден чек годишно во следните 29 години, со тоа што секоја година исплатата е повисока за 5%.

Едно ливче на Пауербол чини 2 долари, шансите да ти се падне џекпотот се 1 спрема 292,2 милиони. Извлекувања има секој понеделник, среда и сабота.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Монодрамата „Бикот на Фаларис“ со Стивен Фридман вечер на „Охридско лето“

Следно

Министерката Шукова ќе се појави на протестот против рудникот во Иловица

Latest from Blog

Тоневски: Пробиштип со подобри услови за итни медицински интервенции

Две нови, современо опремени амбулантни возила пристигнаа во ЈЗУ Здравствен дом „Нада Михајлова“ во Пробиштип, информира градоначалникот Тони Тоневски. Според него, возилата ќе придонесат за подобри услови за работа на службата за

Николоски: Инвестираме меѓу 5 и 6 милијарди евра во коридорите 8 и 10, Македонија ќе стане вистинска крстосница на Балканот

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска се обрати на 23. Виенски економски форум, каде што ја истакна важноста на регионалната економска соработка, заедничкиот настап на европскиот пазар и

Критичните суровини стануваат европски приоритет, потребни се нови инвестиции и модерно рударство

Европската Унија ја засилува финансиската поддршка за обезбедување критични суровини, препознавајќи ги како основа за идниот индустриски, енергетски и безбедносен развој на континентот. Како дел од измените на буџетот за периодот 2028–2034

Николоски во Виена: Економската соработка и стратешките инфраструктурни проекти во фокусот на 23. Виенски економски форум

Заменик претседателот на Владата, Александар Николоски e во работа посета на Виена, Австрија, каде учествува на 23-от Виенски економски форум. Оваа година Виенскиот економски форум се реализира под мотото “ Виенски дијалог

Проданоски: Граѓани и волонтери се обединија во акција за позелен Прилеп

Околу 500 садници беа засадени во близина на манастирот „Св. Димитриј“ кај прилепското село Селце, во акција организирана од Здружението „Сина револуција“, со поддршка од компанијата „Бехтел ЕНКА“. Во акцијата, организирана по
Go toTop