Граѓаните на Романија бираат нов претседател

November 24, 2024
1 min read

БУКУРЕШТ (АА) – Граѓаните во Романија денес излегуваат на гласачките места за да го искористат правото на глас на претседателските избори, јавува Анадолу.

На 9-те избори во Романија, членка на Европската Унија (ЕУ) и НАТО, во трката за нов претседател на земјата се 13 кандидати.

Доколку ниту еден кандидат не добие повеќе од 50 отсто од гласовите за петгодишниот претседателски мандат, вториот круг од изборите ќе се одржи во недела на 8 декември.

Според последните анкети, најголема предност имаат премиерот Марсел Чолаку, кој ја има поддршката на Социјалдемократската партија (PSD), која е најголемата партија во земјата, Џорџ Симион, лидерот на екстремно десничарскиот Сојуз на единството на Романците (AUR), Мирчеа Џеоана, поранешниот заменик генерален секретар на НАТО и Елена Ласкони од партијата „Да го спасиме романското единство“.

Гласањето започна во 07:00 часот по локално време, а ќе заврши во 21:00 часот.

Првите неофицијални резултати се очекува да бидат објавени пред полноќ.

Актуелен претседател на државата е Клаус Јоханис, кој е на функцијата од декември 2014 година.

Во Романија во недела, на 1 декември, ќе се одржат и општи избори.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нацевска на состанок на вицегувернерите од Западен Балкан за пристапниот процес кон СЕПА

Следно

Античката фонтана Кестрос во Туркије по 1800 години повторно тече

Latest from Blog

(ВИДЕО) Омерагиќ: ФФМ инвестира во модерен фудбалски амбиент: Националната арена доби LED екран од 210 метри

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја реализираше својата најнова инвестиција – сопствен ЛЕД екран долг 210 метри, со цел подобрување на искуството за публиката, зголемена видливост за партнерите и создавање дигитален фудбалски

Омерагиќ: ЛЕД екран долг 210 метри ја модернизира националната арена

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја реализираше својата најнова инвестиција – сопствен ЛЕД екран долг 210 метри, со цел подобрување на искуството за публиката, зголемена видливост за партнерите и создавање дигитален фудбалски

Меџити: Континуирана поддршка од ЕУ за евроинтеграцијата на Македонија

Градоначалникот на општина Чаир и еден од лидерите на политичкото движење ВЛЕН, Изет Меџити, денес оствари средба со европратеникот Томас Вајц, постојан известувач на Европскиот парламент, во рамките на континуираниот дијалог со

Проданоски: Прилеп подготвен за нови турски инвестиции и соработка

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, денеска оствари средба со турскиот амбасадор во Република Македонија, Н.Е. Фатих Улусој и со Ајдован Адемоски, претседател на МАТТО – Македонско-турската стопанска комора и почесен конзул на
Go toTop