Граѓаните на протестот „Србија против насилството“ му оставија пораки на Вучиќ и најавија нов собир за следната недела 

June 3, 2023
2 mins read

„Претседателе кога ќе биде оставката“, „АВ не сакам да живеам под твоја дијагноза, оди си“, „Ова е за нашите деца, не за политичарите“, „Српската пролет не може да биде запрена“, се дел од пораките што граѓаните кои излегоа на протестот „Србија против насилството“ вечерва ги оставија пред зградата на претседателството на Србија на Адриќеев венец. 

Десетиците илјади граѓани кои вечерва излегоа на петтиот по ред протест „Србија поротив насилството“, кој започна пред зградата на српскиот парламент, по прошетката низ белградските улици, направија прстен околу зградата на претседателството извикувајќи „Вучиќ оди си“ и „Оставка, оставка“.

Дел од пораките што граѓаните ги оставија пред зградата на претседтелството на Србија/Фото: Принтскрин од видео на Н1

Таму беа поставени штандови на кои граѓаните можеа да напишат пораки до претседателот Александар Вучиќ, што голем дел од нив и го сторија, пренесуваат српските медиуми.  

Протестот, како што беше и најавено, заврши околу 21 часот, а организаторите најавија нов за следната недела. 

За потсетување, протестите „Србија против наилството“ се одржуваат од 8 мај, а повод за собирите на граѓаните се двете масовни убиства кои се случија во Србија – првото на 3 мај во основното училиште „Владислав Рибникар“ и второто, ден подоцна во селата Дубона и Мало Орашје, кај Младеновац. Во трагедиите животите ги загубија 18 лица, а повеќе беа ранети.    

На вечерашниот протест пред насобраните граѓани се обратија повеќе актери, новинари, водители, меѓу кои и прославените актери Драган Бјелогрлиќ, Хаџи Ненад Маричиќ, актерката Светлана Бојковиќ и телевизиските водители Зоран Кесиќ и Иван Ивановиќ. 

„…Ние сме им должни на децата од ‘Рибникар’. Ним им должиме правда и мир. Им должиме сѐ што не можевме да им дадеме во текот на животот. И ние треба да го платиме тој долг кон нив, кон секое дете во оваа земја и конечно кон нас самите. Денес ве повикувам да дојдете во оваа фаза. Ти припаѓаш овде. Тука сум да ве поддржам и да ве охрабрам да истраете. Затоа што, запомнете, Србија не е малку и ваша, таа е ваша“,

низ солзи рече Бјелогрлиќ. 

Актерката Светлана Бојковиќ од говорницата рече дека масовните пукања се „рана за целото општество“. 

„Во што се претвори нашето општество денес? Се претвори во општество кое постојано го поттикнува манифестирањето на темната страна на човековата природа, наместо да инспирира. Се претвори во општество во кое вештите, вредните се маргинализирани, а на нивните места се поставуваат недоволно образованите, неквалификуваните и неспособните“,

рече Бојковиќ, пренесе „Нова.рс“. 

Граѓаните кои протестираа бараат оставка од министерката за полиција Братислава Гашиќ и од директорот на Безбедносно информативната агенција Александар Вулин. 

 Тие бараат и смена на Регулаторното тело за електронски медиуми, затворање на таблоидите кои пропагираат насилство и го прекршуваат новинарскиот кодекс и одземање на националните фреквенции на телевизиите „Пинк“ и „Хепи“. 

Брнабиќ: Протестот против насилството промовира насилство

Властите засега ги игнорираат повеќето барања. Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ вечерва на Твитер оцени дека протестот против насилството „промовира насилство“, објавувајќи фотографија на која се гледа „обесена“ кукла со ликот на Вучиќ. 

Истата фотографија со слична порака ја објави и пратеничката на владејачката Српска напредна партија (СНС) Сандра Божиќ. 

На протестот се случил и инцидент во кое едно лице било физички нападнато, пренесоа српските медиуми. 

Организаторите на протестот го осудија инцидентот и соопштија дека лесно бил повреден странски државјанин, кој бил нападнат со шлаканци од страна на припадници на десничарски групи.  На инцидентот присуствувал и Дамјан Кнежевиќ, еден од водачите на екстремно десничарската група „Народна патрола“, наведува регионалниот сервис на Радио Слободна Европа. 

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Невреме во Прилеп: ЦУК на штрек поради опасност од излевање на реките 

Следно

Мојсова-Чепишевска: Македонскиот јазик ќе се изучува и на додипломските студии на Универзитетот во Вроцлав

Latest from Blog

Јувентус и Борусија (Д) во финална битка за Волтемаде

фото: Newcastle United (X) Јувентус е во преговори со Њукасл Јунајтед за ангажман на германскиот напаѓач Ник Волтемаде на позајмица. Според италијанските медиуми, клубовите разговараат за едногодишна позајмица со надомест од околу

Иран ги нападна американските воени бази во Јордан- Трамп се закани со одмазда

„Ќе ги погодиме силно. Ќе има одговор“, потврди Трамп во телефонски разговор со Треј Јингст од Фокс њуз. Тој истакна дека американските системи за воздушна одбрана ги пресретнале сите освен една од

Меси го објави своето повлекување од репрезентацијата на Аргентина

ФОТО:.facebook.com/AFASeleccionEN/ Лионел Меси објави дека ја завршува репрезентативната кариера и повеќе нема да игра за Аргентина. Капитенот на „гаучосите“ одлуката ја соопшти преку емотивна порака на социјалните мрежи, по повеќе од 20

Во руски напади уништени 12 милиони книги и учебници – Киев тврди дека станува збор за планирана кампања

Во нападот целосно бил уништен погон во кој требало да се испечатат околу 1,3 милиони учебници, што претставува приближно 10 отсто од сите учебници планирани за печатење во украина, објави Би-Би-Си. Комерцијална

Коњановски: Битолските училишта подготвени за новата учебна година

Училиштата во Општина Битола се целосно подготвени за утрешниот почеток на новата учебна 2026/2027 година, информираше денеска градоначалникот Тони Коњановски на прес-конференција. Коњановски истакна дека во текот на летниот распуст се реализирале
Go toTop