Граѓани на Карпош: Барем да ги засрамиме тие што возат по пешачки патеки

February 9, 2025
1 min read

Граѓани од Општина Карпош со мејл до повеќе редакции испартија видео и нивна реакција со која се жалат и укажуваат дека долж пешачка патека на Партизанска и на Рузвелтова се вози по тротоар, и тоа од автомобил од служба за обезбедување.

Нивното писмо го пренесуваме во целост:

По скорешните случувања со кревањето глас на јавноста за безбедноста во сообраќајот и по се што ни се случува последниве години со хаосот и узурпирањето на простор од несовесни возачи, ви испраќаме видео на кое се гледа како кола на обезбедувањето Перпетуум Мобиле вози на строго пешачката патека на Партизанска. Станува збор за патеката долж булеварот која е позади дрворедот и до која (скоро) е неможно да се стигне со кола.

Ова редовно, скоро секој ден, се случува пред казиното на раскрсницата на Партизанска со Рузвелтова, каде вработените од Перпетуум Мобиле си возат за да ја паркираат службената кола на раат, таму каде е целосно пешачка зона.

Со вакви и слични проблеми имаме одено во Полициска станица во Карпош, но само ни викаат дека се немоќни да постапат.
Се јавивме и неколку пати во Перпетуум Мобиле, рекоа дека ќе пренесат до одговорните, но нема никаква промена.

Искрено се надеваме дека ќе ни излезете во пресрет со објавување на овој проблем, и дека ќе успееме барем да ги засрамиме.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Полициска акција во Чашка

Следно

ФОТО Затворена раскрсницата пред Зоолошка градина: „Нашите градови се небезбедни, тоа мора да се промени“

Latest from Blog

Шилегов со барање за преиспитување на обвиненијата за „Пулс“

Адвокатот Петре Шилегов денеска во судница побара од Обвинителството сериозно да го преиспита својот став и да повлече дел од обвиненијата, повикувајќи се на економичноста на постапката и на најновиот брифинг од

Две лица загинаа во напад на украински дрон во Белгородската област

Во напад на украински дрон врз приватна куќа во Стари Оскол во Белгородската област загинаа двајца цивили, изјави денеска гувернерот на таа област, Вјачеслав Гладков. – Избувна пожар, што доведе до делумно
Go toTop