Градските инспектори фатија камиони како нелегално истураат отпад во Драчево

March 10, 2025
1 min read

При вонреден инспекциски надзор кај улицата Јустинијан, во близина на Драчево, инспекторите на Град Скопје затекнаа камиони како истураат огромни количини отпад на приватен имот, создавајќи дива депонија од 5.000 квадратни метри. Локацијата се наоѓа на границата меѓу Општина Кисела Вода и Општина Студеничани.

Во моментот на контролата, фирмата ГО-ИВА Бетон била затекната како со тешки товарни возила нелегално фрла отпад, што е спротивно на Законот за управување со отпад и Законот за заштита на животната средина. По неколкудневно следење, сторителите биле фатени на лице место.

-Инспекторатот на Град Скопје продолжува со засилени контроли 24/7 со цел намалување на загадувањето и зачувување на животната средина. За сите прекршители се изрекуваат неселективни казни, а континуирано се поднесуваат и кривични пријави за нелегално исфрлање и согорување опасен отпад, вклучувајќи азбест, канцерогени материјали и градежен шут.

Иако на територијата на Скопје постојат вкупно 14 институции со надлежност да реагираат во случаи на еколошки прекршоци, засега само Град Скопје презема конкретни мерки, додека останатите не постапуваат, иако имаат законска обврска, велат од Град Скопје.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тендерот за катни гаражи на Клинички центар пред да се потпише треба да помине на Влада, вели Таравари

Следно

Наскоро расправа за албанскиот јазик – Касами: Уставен не треба да се занимава со политички прашања

Latest from Blog

Стуб до Трамп: Се формира „поевропско НАТО“ во кое Европа презема одговорност

Разговорот се одржал истиот ден кога Трамп за Ројтерс изјави дека размислува за повлекување на САД од НАТО. Стуб, на социјалните мрежи, го опиша разговорот како конструктивен. – Конструктивна дискусија и размена

Следува промена на времето со врнежи од дожд и снег

Промена на времето со врнежи од дожд и снег на повисоките места најавуваат метеоролозите поради засилена циклонска активност. Според прогнозата на Управа за хидрометеоролошки работи, врнежите локално ќе бидат пообилни и на места

Филипче со писма до ЕУ за политиките на Мицкоски

Се продлабочува судирот меѓу власта и опозицијата околу евроинтеграцијата на Македонија, во услови на повеќемесечен застој на процесот за приближување кон Европската Унија. Власта и опозицијата меѓусебно се обвинуваат за предавство на
Go toTop