Градоначалникот на Дојран со итен апел: Потребна е воздушна помош за пожарот кај село Николиќ

July 9, 2025
1 min read

Градоначалникот на Општина Дојран, Анго Ангов, денеска преку објава на социјалните мрежи упати итен апел за помош до сите надлежни институции поради, како што посочи, алармантната состојба со пожарот што беснее во атарот на село Николиќ.

„АПЕЛ ЗА ПОМОШ ДО СИТЕ НАДЛЕЖНИ!!! Потребна е воздушна помош поради алармантната состојба со пожарот во село Николиќ!“, стои во пораката што ја објави градоначалникот Ангов.

Пожарот, според првичните информации, се шири со голема брзина поради високите температури и ветерот, а теренот е тешко пристапен за противпожарните екипи на терен, што ја отежнува интервенцијата од земја.

Ангов бара итна ангажираност на воздушни ресурси, како хеликоптери или авионски единици за гаснење, со цел да се спречи понатамошно ширење и загрозување на населени места или земјоделски површини.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Поради повторно разгорување на пожарот во прекин сообраќајот Скопје-ГП Блаце, затворен и граничниот премин

Следно

Пуштен сообраќајот кон ГП-Блаце – затворен сообраќајот од Радишани кон Тетово

Latest from Blog

Иран: Нашите нови тактики ќе ги шокираат САД и Израел

„Од овој момент, ја прогласувам ракетната доминација на синовите на Иран над небото на окупираните територии“, објави командантот Сејед Маџид Мусави на социјалната мрежа Икс. Тој додаде дека „новите тактики и системи
Go toTop