Градоначалникот на Дојран, Ангов: Будно ја следиме состојбата со пожарите на терен

July 9, 2025
1 min read

Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, вечерва преку својот фб профил им се заблагодари на сите учесници кои учествуваа во гаснењето на пожарот крај Дојранското Езеро.

Фб, статусот ви го пренесуваме во целост:

Почитувани инволвирани професионалци и граѓани кои денес бевте во првите борбени редови со пламените јазици,

Дозволете ми да упатам неизмерна и искрена благодарност до сите вас – инволвираните пожарникари, институциите и граѓаните кои со својата ангажираност и пожртвуваност дадовте клучен придонес во справувањето со пожарот кај село Николиќ.

Од срце, изразувам длабока наклоност и благодарност до Доброволното противпожарно друштво “Дојран” и сите храбри пожарникари кои се дел од него. Вашиот професионализам, координација и истрајност се пример за вистинска служба на јавниот интерес.

Исто така, особена благодарност упатувам до противпожарните единици од општините Гевгелија, Богданци, Валандово, Струмица, Кавадарци и Неготино за несебичната помош и пожртвуваност во борбата со огнената стихија.

Упатувам благодарност и до владата на соседна Р. Грција и надлежните грчки служби, кои испратија два противпожарни авиони, две противпожарни возила и осум пожарникари за да помогнат во оваа борба.

Неизмерна почит и благодарност до сите инволвирани граѓани на општина Дојран кои покажаа немерлива храброст во борбата со пламените јазици.

Особено, упатувам голема благодарност и сакам да ги истакнам жителите на село Николиќ, кои се најдиректно погодени од пожарот, но не отстапија – туку со личен ангажман, присуство и поддршка дадоа значаен придонес во гаснењето на пламената стихија. Вашата сплотеност, одлучност и одговорност се пример за сите нас.

Ве информирам дека на вечерашниот состанок со кризниот штаб беа утврдени превентивни мерки за спречување на повторно разгорување на жариштата и нивно ширење.

Поконкретно: Припадници на АРМ ќе бидат дежурни на терен во текот на целата ноќ, заедно со дел од противпожарните единици.

Во раните утрински часови сите противпожарни единици повторно ќе излезат на терен со цел да се стави крај на оваа борба.

Ќе продолжиме будно да ја следиме состојбата на терен и во координација со надлежните служби, да дејствуваме секаде каде што е потребно.

На крајот, дозволете ми уште еднаш да упатам искрена и длабока благодарност до сите кои беа дел од оваа интервенција. Вашата несебична пожртвуваност и вашата работа ја штитат безбедноста на нашите граѓани, но и достоинството на општината и државата, напиша Ангов на својот фб профил

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Министерство за здравство: Се следи состојбата со пожарите на терен и се постапува согласно развојот на настаните

Следно

Вкупно 52 пожари низ Македонија – активни 10, под контрола 4, изгаснати 38

Latest from Blog

Трамп го помилува основачот на најголемата берза за криптовалути во светот

Американскиот претседател Доналд Трамп го помилува основачот на најголемата светска берза за криптовалути „Бинанс“, Чангпенг Жао, познат по иницијалите ЦЗ, кој пред две години се изјасни за виновен за обвинението за перење

„Жена“ на Антонија Гиговска прогласена за најслушана песна на „Макфест“

Шест млади надежи влегоа во вечерта на звездите на 40-тото издание на фестивалот „Макфест“, кој започна вчера вечерта во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип. Стефан Ефремов, Агни Авшар, Елена Наумовска,

Прв пат во Македонија изведена 3D витрео-ретинална хирургија и примена на интраоперативна ангиографија

На Универзитетската клиника за Очни болести во Скопје, за прв пат беа извршени хируршки интервенции на ретина/макула со систем за 3D визуелизација NGENUITY® 3D Visualization System. Во изминатиот месец во два наврати

Во Хрватска уапсен педофил, кој водел онлајн група со 250 членови од различни земји

Приведениот е осомничен дека подолг период сексуално злоупотребувал девојче, а креирал и дистрибуирал и содржини од сексуално малтретирање на деца. – Со пребарување на уреди и медиуми за складирање на дигитални податоци,
Go toTop