Градоначалникот Коњановски најавува комплетна трансформација на Битола

August 24, 2025
1 min read

На денешниот настан „Саем-Отчет – 4 години работа за тебе“, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, истакна дека Битола не е повеќе „слепо црево“ како во минатото, туку град кој забрзано се развива и добива нова инфраструктура.

Коњановски нагласи дека се гради влезот на Битола со комплетна инфраструктура, пешачки и велосипедски патеки, како и нова обиколница во индустрискиот дел, улицата „Бурса“. „Битола во изминативе четири години е едно огромно градилиште. Влезот во градот го правиме со современо булеварско решение, првата третина од булеварот е веќе при завршување, со сите стандарди“, рече Коњановски.

Тој додаде дека со вториот повик за аплицирање, Битола е лидер со 65 проекти, кои ќе ја менуваат структурата на градот и ќе му дадат нов лик. „Со овие проекти ја менуваме водоводната инфраструктура, преку 50 километри улици се обновени во последните четири години, а градежниот бум е присутен во целата општина“, истакна Коњановски.

Градоначалникот ја потенцираше и финансиската поддршка од Владата преку унгарскиот кредит, што овозможило реализација на бројни проекти и дополнително забрзување на развојот на Битола.

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Вучиќ: Ќе се намалат цените на 3.000 производи, маржите драстично паѓаат од 48 на најмногу 20% (ВИДЕО)

Следно

Јадењата со кои пораснавме се соочуваат со „исчезнување“ до 2027 година

Latest from Blog

Муцунски од Дубровник: Не постои „северномакедонски“ народ, целта ни е успешно да ги завршиме преговорите

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска, на покана на министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, учествуваше на панел-дискусијата „The EU and the

Чартерот за дома откажан, Уругвај си замина од Мундијалот со комерцијални летови

Репрезентацијата на Уругвај шокирачки е елиминирана уште во групната фаза од Мундијалот. Јавноста во оваа земја не може да поверува што се случи, затоа што Уругвај беше рангиран како еден од скриените

Истрага на WSJ: Иран направи голема штета на клучната поморска база на САД (ВИДЕО)

Овој развој доаѓа откако иранските ракетни и беспилотни летала предизвикаа многу поголема штета отколку што јавно призна Пентагон. Истрагата, заснована на сателитски снимки, видеа на социјалните медиуми и официјални документи на Министерството
Go toTop