Градежни работи на автопатот Кичево – Охрид, жителите се жалат: Немаме пристап до селото

July 5, 2025
1 min read

Градежни работи на автопатот Кичево–Охрид предизвикуваат револт кај жителите на околните села. Жителите кои живеат во близина на делот каде што се изведуваат работите се жалат дека им се блокирани пристапите до нивните домови, а никој не им објаснил дали ќе добијат пристап до своите куќи. Во Подмолје, жителите велат дека сега се приморани да прават цел круг низ селото за да излезат на главниот пат.

„Помина една жена тука и не знаеше каде да оди. Ѝ реков оди до ‘Амбасадорот’ и излезе кај автобуската станица. Тоа е тоа, ако вака биде, добро е.“

„Честитки за динамиката на градбата, но дали сте свесни дека со изградбата на автопатот има куќи што се веднаш до него и ќе останат блокирани? За нив не е предвиден излез кон локален пат во проектот за локалните патишта, така што тие ќе останат блокирани и нефункционални.“

Од Јавното претпријатие за државни патишта информираат дека покрај забрзаното темпо на изградба на сегментот од автопатот, моментално се работи и на изградба на пристапните патишта кон селата околу автопатот.

„Со забрзано темпо напредува изградбата на пристапните патишта од Врбјани до Сливово, Сливово-Арбиново, Арбиново-Издеглавје, Издеглавје-Песочан, Песочан-Ново Село, Ново Село-Ботун, како и изградбата на пристапните патишта.“, велат од ЈП Државни патишта.

Инаку, дел од автопатот Кичево–Охрид од селото Врбјани до Охрид, кој требаше да биде пуштен во употреба минатиот месец, се очекува да биде отворен на 15 јули.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тамара Котевска го започна снимањето на „Човек против јато“ во штипскиот крај

Следно

ЕУ подготвува опции за санкции додека притисокот врз Израел расте

Latest from Blog

САД подготвуваат копнена офанзива против Иран?

 Американскиот претседател и натаму тврди дека преговорите со Техеран добро напредуваат, Иран категорично негира, а разногласијата повторно ја вивнаа цената на нафтата на 110 долари за барел, особено по информациите дека Пентагон

Димитриевски: Прагматично зголемување на минималната плата и цврста линија за ЕУ и уставните измени

Претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, оцени дека минималната плата треба да се зголеми, но тоа да се направи врз основа на договор меѓу работодавачите и синдикатите, водејќи сметка

МБИ10 со пад од 0,16% – Комерцијална банка и Алкалоид најтргувани на денешната сесија –

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од 27 март 2026 година, индексот МБИ10 забележа пад од 0,16% и заврши на 9.932,53

Ливерпул продолжува да се потпира на Арне Слот

фото: Liverpool France (X) Добро познатиот новинар Дејвид Орнштајн коментираше за иднината на менаџерот на Ливерпул, Арне Слот. „Сите наши информации, и покрај некои спротивни извештаи, се дека Ливерпул се потпира на
Go toTop