Град Скопје: ВМРО ДПМНЕ донесе одлука да продолжи да ги малтретира скопјани

August 29, 2024
1 min read

По денешната седница на Советот на Град Скопје, се огласија од кабинетот на градоначалничката Данела Арсовска критикувајќи ја одлуката на владејачката ВМРО-ДПМНЕ да не гласа за набавка на автобуси, но и против БРТ и покрај нивните ветувања дека за да ги одблокираат градските претпријатија ќе ги изгласаат предлозите за јавните претпријатија. На денешната седница имаше на 60 предлози на дневниот ред.

-Денес ВМРО-ДПМНЕ и нивната коалиција во Советот на град Скопје докажаа дека единствена политика која ја водат е политиката на инает со граѓаните на градот Скопје. ВМРО-ДПМНЕ ниту прифаќа предлози за набавка на автобуси, ниту пак предлагаат решение.

Наместо предлог, ВМРО-ДПМНЕ и нивната коалиција одлучија да ги остават граѓаните на улица да чекаат стари автобуси по еден час, на плус 40 и на минусни температури.

-Побаравте наместо од задолжување автобуси да се набават од сопствено финансирање, сега барате и конкретен извор. Ви дадовме можност да одберете банка, да изготвите спецификација, да оформите комисија и слично, сѐ да направите вие, а јас само да ја потпишам таа јавна набавка. За да повеќе нема оправдувања, јас од оваа говорница нема да се тргнам сѐ додека не кажете каква одлука сакате, ќе ги прифатам сите амандмани, подготвени сме да направиме и ребаланс на Буџетот, за да гласате. Тоа е единствениот начин денеска да знаеме кој сака да се реши проблемот со јавниот превоз во Град Скопје, а кој не. – рече Арсовска од говорницата во Советот на град Скопје.

-Скопјани ова не го заслужуваат, пред вас имате предлог-одлуки и програми кои не се гласаат веќе осми месец, а никој нема забелешки за нив. Ако има забелешка се дава амандман, кажете што не чини за да се корегира. Ќе седиме 24 часа тука, ќе работиме и ќе ја завршиме документацијата онака како што на вас ви одговара, додаде Арсовска.

-Средствата за паушалот за советниците се зголемил од 500 на 600 евра, значи денеска за да дојдете и гласате тука земате 600 евра. Имате мнозинство, очигледно е тоа, а денеска би сакала да покажете пред граѓаните, затоа што убаво ве замоли вашиот претседател на партијата да гласате!

Сите ќе седиме тука за да ни кажете забелешки, да донесеме и ребаланс ако треба и оваа одлука да се промени како што вие сакате за да ја гласате и да видат граѓаните кој е тука за да им ги реши проблемите, а кој е тука за да прави проблеми, истакна Арсовска.

Срамот е на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која го формира мнозинството во Советот на град Скопје. Граѓаните од денес се сигурни и знаат дека чекаат автобуси на горештини и во студ бидејќи ВМРО-ДПМНЕ не гласа за нови автобуси бидејќи се подготвени да ги жртвуваат здравјето и животот на граѓаните за политички поени, пишуваат од Град Скопје.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Перински во посета на Босилово и Ново Село: Подобрени се условите за настава во село Секирник, Смоларските водопади и Пирго бележат зголемен број на туристи

Следно

На Скопје му треба решение за автобуски превоз од понеделник, а не по една година како што бара Арсовска, таа иако ветуваше, не изнесе никаков план

Latest from Blog

Британски дипломат протеран од Русија поради обвинувања за шпионажа

Доказите за шпионажа ги открила Московската агенција за безбедност и контраразузнавање, пренесуваат руските медиуми, при што на неименуваниот дипломат му е наредено да ја напушти земјата во рок од две недели. Британската

Министерството за правда и Управниот суд потпишаа Меморандум за соработка

Во пресрет на Денот на правосудството, Министерството за правда претставувано од министерот за правда Игор Филков и Управниот суд претставуван од претседателот на судот, Бурим Сејдини, потпишаа Меморандум со кој се воспоставува

Пред Велигден под лупа: Агенцијата за храна со засилени контроли на јајца, месо и бои

Во пресрет на велигденските празници и традиционално зголемената побарувачка на јајца, бои за јајца, месо и други прехранбени производи, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведува засилени контроли кај операторите со храна
Go toTop