Град Скопје со реакција до министерот Ристовски: Одговорноста за олимпијадата не е наша

July 26, 2025
1 min read

Град Скопје ја отфрли изјавата на министерот за спорт, Борко Ристовски, дека Министерството немало надлежност во организацијата на Европската младинска олимпијада 2025. Од Градот тврдат дека токму ресорното министерство, заедно со Македонскиот олимписки комитет (МОК), ја водело целата организација, целосно исклучувајќи ја локалната самоуправа.

„Град Скопје ја даде својата поддршка за кандидатурата на Македонија и Скопје како домаќини на олимпијадата. Но, штом беше избрано домаќинството, организацијата премина во рацете на МОК и Министерството за спорт. Дел од натпреварите беа преместени во Куманово, што е спротивно на првичната идеја и на очекувањата на јавноста“, стои во реакцијата.

Градските власти велат дека биле целосно исклучени од сите активности, вклучително и од церемонијата на отворање, за која, според нив, не добиле ниту покана.

„По сите пропусти што се случија, сега вината се префрла на Градот. Одговорноста треба да ја понесат оние што ја имаа контролата врз организацијата од самиот почеток“, додаваат од Град Скопје.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Семејна расправија во Будва заврши со двојно убиство 

Следно

ЦУК: Активни четиринаесет пожари во земјава, четири под контрола

Latest from Blog

Битола веќе на терен – инфраструктурни проекти пред официјалната градежна сезона

Општина Битола објави промотивно видео со кое ја најавува засилената градежна активност, уште пред официјалниот старт на пролетната сезона. Од општината посочуваат дека иако градежната сезона традиционално се поврзува со потоплите пролетни

Коњановски со честитка за Кркрдаш: Да ги негуваме обичаите и заедништвото

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, упати честитка по повод празникот Св. 40 Маченици – Кркрдаш, истакнувајќи дека овој ден претставува важен дел од културното и духовното наследство на градот. „Кркрдаш е
Go toTop