ГОВОР НА ОМРАЗА ВО КОЧАНИ: Пешевска реагира по инцидентот со Соколова

September 22, 2025
1 min read

Жаклина Пешевска од ВМРО-ДПМНЕ остро го осуди вчерашниот напад и говор на омраза насочен кон Александра Соколова, кандидатка за советничка во Кочани. Пешевска истакна дека овие напади не се само лична цел кон Соколова, туку ја засегаат и болката на сите семејства кои ги изгубија најблиските во трагедијата во Пулс.

„Наместо да бидеме среќни што овие луѓе се интегрирани во општеството и учествуваат во носењето на одлуки, некој се дрзнал да ги линчува. Ги повикувам сите институции да ја спроведат правдата, а женските организации и борците за права да го осудат овој говор на омраза. Особено го повикувам Форумот на жени од СДСМ и Клубот на пратенички кој го води Јована Тренчевска да се произнесат“, рече Пешевска.

Таа додаде дека е важно разумот да надвладее и да се почитува болката на семејствата погодени од трагедијата, нагласувајќи дека демократските принципи мора да се почитуваат во текот на локалните избори.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бернардо Силва бесен на Премиер-лига: Фрустрирачки е!

Следно

ДИК потврди 303 листи за градоначалници и 558 за советници

Latest from Blog

Мадуро во порака повика на мир и единство во Венецуела

„Денес, повеќе од кога било, повикуваме на континуирани напори за консолидирање на мирот во земјата, национално единство, помирување, простување и повторно обединување на сите. Никој нека не отстапува од патот на дијалогот,

Николоски: Поставен нов радарски систем на охридскиот аеродром, создаваме нова слика за аеродромите

Создаваме една комплетна инфраструктурна слика за Охрид и охридското крајбрежје. Инвестициите во инфраструктурата, реконструкцијата и надградбата на охридскиот аеродорм и политиката на провлекување на нови авиолинии ќе донесат бројни патници и туристи

Аеродромот во Охрид влегува во нова ера – ова ќе биде новиот капацитет на аеродромот

На охридскиот аеродром Св. Апостол Павле аеродром Охрид започна сериозна реконструкција, надградба и проширување – прва ваква голема интервенција од неговата изградба досега. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека
Go toTop