Господин Попоски стигна до 106 потписи, Ванковска и Јакимовски надминаа 10 000

March 2, 2024
1 min read

Покрај Бујар Османи (ДУИ), Арбен Таравари (Коалиција „Вреди“) и Максим Димитриевски (ЗНАМ), заклучно со вчера, потребните 10 000 потписи за кандидати за претседатели ги обезбедиле Билјана Ванковска од Левица и Стевчо Јакимовски од ГРОМ, потврди Државната изборна комисија (ДИК).

Според пресекот на ДИК, заклучно со вчера во 20 часот, во трката за собирање на потписи остануваат уште шестмина, а допрва граѓански потписи најавија дека ќе собираат и Гордана Силјановска-Давкова и Стево Пендаровски.

Кандидатот чие име предизвика големо внимание во јавноста, Господин Попоски од Вевчани, засега успеал да обезбеди само 106 гласа.

Под илјада потписи досега имаат и независната кандидатка поддржана од ДЕСНА, Зорица Цветковска (вкупно 176), како и Ѓoрѓи Манасков на кого поддршка досега му дале 388 граѓани.

Томе Николоски останува со 0 потписи, а самиот пред неколку дена објави дека се откажува од собирањето потписи.

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

НА ПРИЈОВИЌ И ПУКНАА ПАНТОЛОНИТЕ СРЕДЕ НАСТАП НА НЕЗГОДНО МЕСТО: Што ќе правиш, мораш да пееш додека сите гледаат таму доле (ВИДЕО)

Следно

Ердоган со членовите на Претседателството на БиХ: Зачувувањето на мирот и стабилноста на БиХ важни за Туркије

Latest from Blog

Иран: Нашите нови тактики ќе ги шокираат САД и Израел

„Од овој момент, ја прогласувам ракетната доминација на синовите на Иран над небото на окупираните територии“, објави командантот Сејед Маџид Мусави на социјалната мрежа Икс. Тој додаде дека „новите тактики и системи
Go toTop