Горниот дом на Германија одобри поголем фонд за одбраната и инфраструктурата

March 21, 2025
1 min read

БЕРЛИН (АА) – Горниот дом на германскиот Парламент, Бундесратот, денес одобри уставни измени кои ќе овозможат значително финансирање за одбраната и инфраструктурата на земјата, јавува Анадолу.

Амандманите, кои претходно беа изгласани во Долниот дом, Бундестагот, добија поддршка од мнозинството, при што 12 федерални покраини гласаа „за“, додека четири беа воздржани.

Федералните држави управувани од Христијанските демократи и нивниот потенцијален коалициски партнер, Социјалдемократите, гласаа во корист на измените, обезбедувајќи ја потребната двотретинска поддршка во Бундесратот.

Со овие измени, строгите фискални правила на Германија ќе бидат ублажени, дозволувајќи задолжување за критични одбранбени трошоци, зајакнување на разузнавачките служби, заштита на информатичките системи и поддршка на држави кои се нападнати на тој начин што е прекршено меѓународното право.

Расходите во овие категории што ќе надминат 1 отсто од БДП на земјата ќе бидат изземени од уставното правило за „долговна кочница“. Досега, основниот закон на Германија го ограничуваше задолжувањето на Владата на 0,35 отсто од БДП.

Дополнително, беше одобрен и посебен фонд од 500 милијарди евра за инвестиции во инфраструктурата и климатска заштита.

Од оваа сума, 100 милијарди евра ќе бидат доделени на федералните покраини за инфраструктурни инвестиции, додека уште 100 милијарди евра ќе бидат наменети за климатска заштита.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Антовиќ и Станков: Кај сите настрадани во пожарот во Кочани констатирана насилна смрт од задушување

Следно

Милевски: Се надеваме дека ќе ја продолжиме победничката серија

Latest from Blog

Баражи за СП: Босна „гори“, ќе игра на Светско, пеналите ја носат и Чешка на Мундијал (ВИДЕО)

Босна слави! Италија не успеа да ја преживее Зеница и повторно не успеа да обезбеди пласман на Светско. Босанците ја победија четата на Џенаро Гатузо по подобро изведување на пенали, откако по

Пакистан и Кина го претставија мировниот план за Блискиот исток во пет точки

Кина и Пакистан објавија план од пет точки за „враќање на мирот и стабилноста во регионот на Персискиот Залив и Блискиот Исток“. Планот произлезе од денешниот состанок на министрите за надворешни работи

ВМРО-ДПМНЕ: Дали некој ќе понесе одговорност за работењето на СЈО?

ВМРО-ДПМНЕ со остра реакција упати серија обвинувања кон поранешни обвинители поврзани со поранешното Специјално јавно обвинителство, повикувајќи ги, како што наведуваат, да се соочат со сопствената одговорност пред да реагираат за најавеното
Go toTop