Ѓорѓиевски за првпат инвестирање во секое населено место

August 24, 2025
1 min read

На Саемот-Отчет под мотото „4 години работа за тебе“, претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, истакна дека државата прв пат сведочи на масовна реализација на капитални инвестиции во сите општини, без поделби и селективност.

На панел-дискусијата „600 милиони евра за развој и локален прогрес“, Ѓорѓиевски нагласи дека години наназад постоела подготвена техничка документација за проекти, но поради недостаток на финансии тие не се реализирале. Промената, како што рече, дошла со новата власт, кога започнало инвестирање подеднакво во сите општини.

„За прв пат во историјата на Република Македонија, 30 години наназад, инвестициите стигнуваат до секое населено место. Наеднаш се градат училишта, градинки, спортски објекти и патна инфраструктура како никогаш досега“, изјави Ѓорѓиевски.

 

Тој додаде дека секој градоначалник ги насочува средствата според потребите на својата општина, овозможувајќи рамномерен развој на локално ниво. „Овој проект недостасуваше повеќе од три децении. Се надевам дека ќе продолжи и понатаму, за сериозно да ја градиме и менуваме Македонија како што тоа го правиме во моментов“, порача Ѓорѓиевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Припадник на нарко- клан од Бар е екстрадиран од Уругвај во Црна Гора, оди директно во затвор

Следно

Јорданов: Реализиравме бројни инфраструктурни проекти со кои се овозможува раст и развој на општина Штип

Latest from Blog

Дали новиот лидер на Иран е геј- во Белата куќа не можеле да престанат да се смеат, Трамп со урнебесна реакција

Американскиот претседател Доналд Трамп беше запрепастен кога минатата недела дозна дека американските разузнавачки агенции посочиле дека новиот врховен лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, можеби е хомосексуалец – и дека неговиот татко, покојниот

Трипуновски: Политиките ги креираме заедно со земјоделците, кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“, стартува од општина Босилово

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во гостувањето во Дневникот на Алсат Телевизија говореше за кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“, нагласувајќи дека директната комуникација со земјоделците е

Вајц бара Европскиот совет да ги расчисти дилемите околу Проколот со Бугарија

Правната служба на Европскиот совет итно да ги разјасни сите двосмислености околу правниот статус на вториот протокол од Договорот за добрососедство и пријателство меѓу Македонија и Бугарија во врска со процесот на
Go toTop