Ѓорѓиевски: За чист град потребна е заедничка одговорност

November 10, 2025
2 mins read

Решен сум да воведам ред, а тоа подразбира и да се изрекуваат казни. Над 40 казни имаме досега и ќе продолжиме сè додека не ги изолираме целосно овие девијантни појави, изјави градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски по спроведената 72-часовна акција за чистење на главниот град.

Соопшти дека затекнал 16 функционални камиони на ЈП Комунална хигиена зашто Градот должел за сервисирање. Како што рече во интервју за ТВ Сител, сервисерите излегле во пресрет и сега има над 40 оперативни машини кои работат на терен, очекува во наредните денови да има 60-ина со што, рече, би биле целосно оперативни. Со премиерот е разговарано и да се обезбедат нови машини.

-Граѓаните плаќале цел изминат период, но за жал, не ги добивале услугите. Моја цел ќе биде без разлика од кого е предизвкан проблемот, да се најде брзо решение. Јас сум тој кој ќе треба да ги решава проблемите и само така ја доживувам мојата позиција и довербата што ја добив од граѓаните, рече Ѓорѓиевски.

 

Соопшти дека во соработка со општествено оговорни компании ќе бидат поставени мрежи по течението на Вардар за заштита на речното корито. Такви има, рече, и во други европски центри и не му пречат на живиот свет. Укажа дека и централните инстиуции, како МЖСПП, ќе треба да се вклучат во казнување зашто, рече, не е доволно да санкционира само Град Скопје.

Градежни работи ќе се вршат по зимата, а дотогаш фокусот ќе биде на средување паркови и чистење на депониите.

-Вардариште се расчистува, во фаза е процес на одгасување. Девијантните појави од минатото конечно ќе бидат оставени зад нас и никој повеќе нема да биде сведок на тие слики и нема да се труе народот во нашиот главен град како што тоа, за жал, беше случај повеќе децении наназад. Ист третман ќе имаат и останатите жаришта – депониите во Визбегово, Шуто Оризари, покрај Лепенец итн, рече градоначалникот.

За задагувањето на воздухот рече дека не се решава едноставно и дека проблемот зависи од сите нас. Во наредниот период ќе се работи на проширување на мрежата на топлификација во главниот град. Како што рече, со експерти се консултираат и за третман и преработка на отпадот во Дрисла како едно од жариштата во Скопје.

Ѓорѓиевски посочи дека стои на ставот ЈП Комунална хигиена да биде расформирана и да се подели во ингеренции на скопските општини согласно бројот на жители.

-Но сега не сме подготвени за тоа, немаме можност зашто ова ЈП има премала механизација и ќе предизвикаме дополнителен хаос. Таа идеја не ја отфрлам откако ќе се зајакнат капацитетите. Ќе изградиме јаки и самоодржливи јавни претпријатија во служба на граѓаните, истакна градоначалникот на Скопје.

Во однос на јавниот превоз, посочи дека постоела одлука од минатото, но некој требало да потпише околу 200 автобуси на приватните превозници да бидат вклучени во сообраќај. Квотата не била исполнета, рече, во оптек возеле 40 до 50 автобуси.

Десеткуван е и возниот парк на ЈСП, рече, вклучени се 160 автобуси, а најмалку 270 се потребни за нормално функционирање и да нема доцнења и чекања.

Соопшти дека околу 3 милиони евра е долгот на ЈСП кон приватните превозници и дека се работи на тоа средствата да бидат обезбедени и ќе се договори начинот на исплата.

Возниот парк на ЈСП ќе биде обновен – во март треба да пристигнат 80 еколошки автобуси за Скопје преку Владата и Министерството за транспорт, и уште 70 за останатите градови низ Македонија.

Во петок Град Скопје ќе има седница за буџетот. Ѓорѓиевски очекува реализација на проектите затоа што има апсолутно мнозинство во Советот. Рече дека ќе има поддршка за сите прифатливи иницијативи.

-Советниците во мене не треба да гледаат непријател и ниту јас гледам во нив непријател, туку да соработуваме за заедно да имаме што повеќе проекти за граѓаните, додаде Ѓорѓиевски.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ѓорѓиевски: Решен сум да воведам ред, ќе има казни за да ги изолираме девијантните појави

Следно

Двајца клучни играчи на Реал Мадрид со повреди!

Latest from Blog

На Пентагон итно му се потребни 50 милијарди долари- Хегсет откри за што станува збор (ВИДЕО)

Министерот за одбрана Пит Хегсет се обрати на конференцијата на AUSA за време на панел-дискусија за проектот Агинкур, откривајќи дека Пентагон бара приближно 50 милијарди долари средства обезбедени преку посебен процес на

Десаи: Реал Мадрид летоска требаше да го продаде Винисиус

Поранешниот француски фудбалер, Марсел Десаи, смета дека Реал Мадрид требало да размисли за продажба на Винисиус за време на летниот преоден рок. Според освојувачот на Светското првенство во 1998 година, обидот истовремено

Спор околу Сеута: Шпанската опозиција бара распоредување на морнарицата

Неговото барање доаѓа како одговор на непотврдени извештаи дека марокански патролен брод претходниот ден навлегол во водите на шпанската енклава. Како лидер на опозицијата, Феихоо му се спротивставува на актуелниот социјалистички премиер

Одлични вести за навивачите на Барселона: Рафиња и Де Јонг се враќаат за дуелот против Бетис

Барселона ја очекува тешко гостување кај Бетис во деветтото коло од Ла Лига, а тренерот Ханси Флик на прес-конференцијата потврди дека Рафиња и Френки де Јонг се опоравиле од повредите. Каталонците имаат

Македонската берза ја заврши неделата во минус: МБИ10 падна на 9.006,70 поени

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 16.10.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.006,70 поени. Во однос
Go toTop