Ѓорѓиевски: Време е да го вратиме духот на Скопје преку културата

October 11, 2025
1 min read

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во рамки на својата програма го претстави столбот „Скопје – град на слоеви, град на култура“, посветен на обновата и ревитализацијата на културното наследство на главниот град.

„Скопје е град со историја, карактер и душа. Град што многупати бил погоден, но секогаш се издигнувал и продолжувал напред. Денес, кога зборуваме за иднината на Скопје, не зборуваме само за улици и инфраструктура, туку за тоа каков град сакаме да изградиме – град што се развива, но не ја губи својата душа,“ изјави Ѓорѓиевски.

Програмата опфаќа серија капитални културни проекти:

Аквадуктот ќе се претвори во современ културен парк со сцени за концерти, фестивали и уредени зелени површини. Таму ќе се изгради и најдолгиот ѕид за мурали во Југоисточна Европа.

Археолошкиот локалитет Скупи ќе биде целосно уреден и отворен за јавноста, со културни настани и уметнички резиденции.

Старата скопска чаршија ќе добие унифициран изглед и ќе се претвори во жив културен кварт, каде историските објекти ќе станат дел од секојдневниот урбан живот.

Скопското Кале ќе се развие како културен центар со фестивали, концерти, театарски претстави и изложби, при што ќе се зачува неговата историска вредност.

Ѓорѓиевски најави и целосна реконструкција на киното „Милениум“, унапредување на работата на МКЦ, Музејот на град Скопје и сите културни институции под надлежност на Градот.

„Скопје ќе стане град на фестивали и уметност – град што живее преку културата во текот на целата година,“ порача тој, најавувајќи поддршка за „Skopje Jazz Festival“, „Skopje Calling“, „Пиволенд“, „Виноскоп“, „Баскерфест“, „Скопје танцува“ и други културни манифестации.

„Културата е инвестиција во иднината. А иднината на Скопје ја гледам како град што создава, инспирира и обединува,“ заклучи Ѓорѓиевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Божиновска за МИА: Половина милијарда денари од концесии во првите шест месеци, но целта е повисока – европски стандарди

Следно

Поради сообраќајка затворен дел од патот Струмица-Радовиш

Latest from Blog

Резултатите од магнетната резонанца на Трамп се објавени

МРИ скенирањето на претседателот Доналд Трамп, извршено во октомври, „потврдува дека тој продолжува да биде во одлична општа здравствена состојба“, изјави портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит, за време на брифингот во

Ѓорѓиевски: Сериозно треба да работиме на базичниот проблем во однос на загадувањето – загревањето на домаќинствата

Ние треба сериозно да работиме на она што е базичен пробленм во однос на загадувањето, а тоа е загревањето на домаќинствата. И тука веќе имавме неколку средби со претседателот на Владата во

Кралот Чарлс официјално му ги одзеде почестите на поранешниот принц Ендру

Кралот Чарлс официјално му ги одзеде преостанатите кралски почести на својот брат, поранешниот принц Ендру, со што го заврши процесот на отстранување на неговото име од најпрестижните британски ордени. Одлуката е објавена
Go toTop