Ѓорѓиевски: Урбанистички експерти и градежна инспекција ќе стават крај на дивоградбите

October 24, 2025
2 mins read

Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, беше гостин во емисијата „Трилинг“ на телевизија 24. Ѓорѓиевски истакна дека за време на неговиот мандат како градоначалник на општина Кисела Вода, докажал дека може да се стави ред во урбанизмот, спречувајќи прекумерно градење. Тој најави формирање експертски урбанистички тим кој ќе работи на растеретување на централното подрачје и насочување кон периферијата. Ѓорѓиевски исто така порача дека ќе биде бескомпромисен во борбата со дивоградбите и побара воспоставување градежна инспекција во Град Скопје.

-Јас мислам дека покажав како тоа во пракса изгледа со општина Кисела Вода. Прв кој што ќе го споменам е меѓународниот конкурс за Расадник, каде што требаше да има 99 згради, сега нема згради. Црниче, Пржино направете слободно проверка во секторот кај мене, откако јас сум градоначалник, нема издадено одобрение за градба со повеќе од 4 станбени едници, рече Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски нагласи дека заедно со стручен урбанистички тим составен од експерти ќе работи на решавање на проблемот со прекумерното градење во централното подрачје. Тој нагласи дека фокусот ќе биде насочен кон растеретување на централното градско подрачје и проширување кон периферијата.

-Тоа ќе одлучиме со тимот урбанистички којшто ќе работи со мене, јас не сум урбанист, но врвни имиња се вклучени околу мене кои што ќе работат на таа проблематика. Една сериозна организација ќе биде тоа, би рекол од експерти, кои што ќе помогнат во процесот да ние го растеретиме ова дехумано градење особено во централното градско подрачје. Мојот концепт е градот да се шири, но во периферија, и така ќе функционира наредните 4 години, вели Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски истакна дека се спротивставува на дивоградбите и дека како градоначалник на Кисела Вода, бил првиот што спровел конкретни постапки и против индивидуални и против колективни објекти. Тој посочи дека Град Скопје нема сопствена градежна инспекција и самиот ќе побара или да му се дозволи нејзино формирање, или државата да го преземе овој дел од надлежностите, за да се избегне поделбата на одговорност.

-Тука треба да сме докрај јасни. Многу прецизно изминатиов период на оваа тема сум говорел, дека сум против дивоградбите сум против, дека сум прв градоначалник во историја на општина Кисела Вода, кој што постапувал против дивоградби и индивидуални и колективни. Сум постапувал и сум докажал дека законот треба да важи еднакво за сите и ќе важи во градот Скопје, кажа Ѓорѓиевски и додаде:

„Но треба да ги видиме ингеренциите на Град Скопје. Градот Скопје е единствена институција под локална самоуправа која што нема градежна инспекција. Јас барам или да ми се дозволи да имам градежна инспекција, па ќе видите во пракса што значи постапување против дивоградба или државата да ги преземе и од локалната самоуправа, односно да се централизира делот со инспекции, за да не си поделуваме одговорност во перспектива“.

Ѓорѓиевски посочи дека дел од дивоградбите се објекти во кои живеат граѓани и нагласи дека тие мора да бидат безбедни. Според него, многу од овие објекти постојат веќе 15-20 години, но тоа не ја исклучува потребата за проверка на истите. Ѓорѓиевски додаде дека, кога станува збор за нови дивоградби, би бил уште поригорозен во санкционирањето.

„Има објекти во кои што живеат граѓани. Тие треба да бидат безбедни објекти. И таму треба да се направат строги контроли, и јас не знам зошто, досега државниот инспекторат не постапил. Чесно треба да кажеме, дека тие дивоградби не се најголем дел од нив од вчера и од завчера. Тие постојат таму по 15-20 години, но треба да се провери каква е состојбата на истите да има темелни контроли. Онаму каде што живеат граѓани, за делот на отпочнување на дивоградби, јас би бил поригорозен од било кој“, заклучи Ѓорѓиевски.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Орце Ѓорѓиевски од Стајковци: Време е за конкретни дела, не за празни зборови!

Следно

Шест бои на чевли што ќе бидат тренд оваа есен

Latest from Blog

Четиринаесет годишен исламист избодел до смрт полицаец во БиХ- ќе оди 5 години во поправен дом

Пресудата за убиецот, кој имал само 14 години во времето кога бил индоктриниран од исламски радикализам, го извршил злосторството, ја донесе Општинскиот суд во Босанска Крупа, објавија јавниот сервис БХТ 1, како

Голгетерот на Барса уште еден месец во „аут“

Повредата на бразилскиот напаѓач во редовите на Барселона, Рафиња се покажа како посериозна од очекуваното. Крилниот напаѓач на Барселона ќе отсуствува од терените околу еден месец поради повторна повреда на тетивата, објави

Ново зголемување на цените во САД

Инфлацијата во Соединетите Американски Држави малку се забрза во септември, при што цените на бензинот паднаа малку помалку, објави денес Министерството за труд. Потрошувачките цени беа за 3,0 проценти повисоки во септември

Шест бои на чевли што ќе бидат тренд оваа есен

Иако светлите нијанси како беж се попопуларни во потоплите месеци, можат да бидат вистинско освежување за есенските аутфити. Секоја есен, темните нијанси, како црна и кафеава се класика. Истото важи и оваа

Орце Ѓорѓиевски од Стајковци: Време е за конкретни дела, не за празни зборови!

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вечерва од Идризово и Стајковци порача дека очекува историска победа во вториот изборен круг. Тој се заблагодари на жителите од овие населени места за,
Go toTop