Ѓорѓиевски со невладини организации: Заедничка визија за достоинствено Скопје

August 19, 2025
1 min read

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска одржа средба со претставници на невладините организации и здруженијата на граѓани од главниот град. На средбата, како што информира тој, се разговарало за клучните предизвици со кои се соочуваат скопјани, но и за идните решенија кои може да се применат врз основа на европските практики.

„Остваривме искрен и отворен муабет за проблемите од минатото, но уште поважно – за конкретните идеи за иднината. Невладините ни дадоа значајни предлози во областа на животната средина, хигиената, социјалната заштита, културата, младите, како и за лицата со инвалидитет, ретки и хронични болести“, изјави Ѓорѓиевски.

Тој нагласи дека сите предлози се внимателно забележани и дека ќе бидат интегрирани во неговата програма за Скопје.

„Верувам дека вистинскиот пат е партнерски однос – заедничка работа, почит и визија за достоинствено Скопје. Во мене секогаш ќе имаат пријател и човек за искрена соработка“, порача Ѓорѓиевски.

Кандидатот за градоначалник оцени дека градот заслужува повеќе и додаде дека со заедничка работа „ќе се врати достоинството и ќе се изгради Скопје какво што сите сакаме“.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Регистрирани осум пожари денес во Македонија, два се активни – еве каде гори

Следно

Црква од 672 тони „тргна“ на дводневно патување низ град во Шведска (ВИДЕО)

Latest from Blog

Деребан е татко на три првачиња: Децата ми се најголема инспирација, богатство и благослов

Заменик министерот за правда, Ален Деребан, е татко на три дечиња-првачиња. Деребан е од Струга, по образование е магистер по право од областа на меѓународно право и  меѓународни односи, со положен правосуден

Берзанска сесија со 10,72 милиони денари промет – денес доминираат КБ, Тетекс и НЛБ

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза.  На берзанската сесија од 17 март 2026 година, индексот МБИ10 порасна за 0,19% и достигна 9.965,80 поени, додека

Спалети добива нов договор од Јувентус

фото: JuventusFC (X) Според денешното издание на Газета Дело Спорт, тренерот на Јувентус, Лучијано Спалети е многу близку до потпишување на нов договор со клубот. Истиот би бил со траење со 2027
Go toTop