Ѓорѓиевски: „Скопје ќе стане арена за добри идеи и квалитетни проекти“

October 30, 2025
1 min read

На големиот митинг во Скопје, кандидатот за градоначалник на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, ги повика граѓаните масовно да излезат на избори и да гласаат за работа, ред и знаење.

„Добра вечер, мое Скопје! Добра вечер, горд народе мој! Добра вечер, Македонијо! Каква енергија и колку љубов кон нашиот град има овде вечерва!“, истакна Ѓорѓиевски, додавајќи дека градот е уморен од хаос, сообраќаен метеж, нечистотија и празни ветувања.

 

 

Тој потенцира дека Скопје не смее да биде место за експерименти и дека градоначалникот мора да има знаење и искуство за управување со буџет од стотици милиони евра, јавни претпријатија и проекти од европските фондови.

Ѓорѓиевски се осврна и на својата работа во општина Кисела Вода, нагласувајќи дека успеал да реализира ветувања за асфалтирање улици, изградба на градинки и паркови, како и заштита на зелените површини. „Ние не ветувавме кули и градови, ветувавме работа. И испорачавме работа!“, порача тој.

Кандидатот најави конкретни решенија за Скопје: одблокирање на клучки и булевари, изградба на нови мостови, проширување на булевари и воведување трета лента на булеварот „Александар Македонски“. Исто така, најави еколошки проекти како трансформација на Вардариште во парк и набавка на нови еколошки автобуси, како и воведување на градски воз на постоечките пруги.

„Ова не е битка за Орце, ова е битка за Скопје! Ова е битка за нашите деца, да растат во град со кој ќе се гордеат, а не од кој ќе сакаат да си заминат“, нагласи Ѓорѓиевски, повикувајќи ги граѓаните да изберат докажани дела наместо празни зборови.

Митингот беше поддржан од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, и од коалиционите партнери на партијата, а Ѓорѓиевски потенцираше дека како градоначалник ќе соработува со новиот Совет на Град Скопје за напредок на градот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Селена Гомез трета година по ред со добротворна свеченост за својата Фондација (ФОТО)

Следно

Мицкоски: Скопје добива градоначалник кој ќе работи неуморно и чесно, Орце Ѓорѓиевски е човекот кој ќе воведе ред, чистота, култура

Latest from Blog

Божиновска-Штајн вон Камиенски: Успешната соработка со KfW-предуслов за реализација на клучни проекти за стабилен енергетски систем

На средбата беше разговарано за тековните енергетски проекти, како и за продлабочувањето на взаемната соработка на полето на одржливата енергетика. Се дискутираше за неколку клучни проекти кои се реализираат со поддршка на

Минчев од Белград: Конкретни чекори за поефикасна администрација и продлабочена соработка со Србија

Министерот за јавна администрација Горан Минчев од Белград потенцираше дека соработката меѓу Република Македонија и Република Србија во областа на јавната администрација навлегува во поконкретна фаза, со јасно дефинирани активности и механизми

Два пенали, две водства на „црвените ѓаволи“ и реми за крај

фото: Premier League (X) Фудбалерите на Манчестер Јунајтед продолжија со просечни резултати на гостински терен во Премиерлигата, ремизирајќи 2:2 против Борнмут во првиот натпревар од 31-то коло. Почетокот на натпреварот на југот
Go toTop