Ѓорѓиевски: Скопје има сила, дух и луѓе кои не се откажуваат

September 29, 2025
1 min read

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на собир со граѓаните упати порака дека „масовната поддршка е јасен знак за голема победа“.

„Скопје е нашата приказна, нашата гордост и нашата иднина. Градот каде што растеме, сонуваме, но и се соочуваме со загадениот воздух, метежот и депониите. Затоа велам – на Скопје му треба прво човек, па потоа градоначалник“, изјави Ѓорѓиевски.

Тој потсети на своето искуство како градоначалник на Општина Кисела Вода, нагласувајќи дека таму биле решени проблеми кои траеле со децении, а денес има нови училишта, градинки, паркови и спортски сали.

„Тоа искуство денес го носам во Скопје. Верувам дека можеме заедно да ја вратиме вербата и гордоста во нашиот град. Скопје заслужува јавен превоз кој ќе биде вистински сервис на граѓаните, повеќе зелени површини и град кој ќе се грижи за сите, без исклучок“, порача Ѓорѓиевски.

Тој додаде дека на претстојните избори не се гласа само за една партија или личност, туку за работа, докажани резултати и чесен збор.

„Скопје ќе го направиме заедно, по скопски. За нашите деца, за идните генерации, за град кој ќе биде гордост на сите негови жители“, истакна Орце Ѓорѓиевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Објавена имотната состојба на грчките политичари

Следно

Мицкоски: Очекуваме убедлива и голема победа на ВМРО-ДПМНЕ, СДС од 0 до 6 општини

Latest from Blog

Иранците во Британија: Оваа војна само го зајакнува режимот во Техеран

Во писмо до премиерот Кир Стармер, потписниците тврдат дека сегашниот начин на водење војна само го зајакнува режимот во Техеран, објавува „Гардијан“. Војната го зајакнува авторитарното владеење Писмото е противтежа на оние

Антикорупциска не утврди судир на интереси кај директорот на СОЗР со фирмата „Сити аутсорсинг“

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на денешната седница не утврдила судир на интереси кај директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), Ивица Томовски и фирмата „Сити аутсорсинг“, за

Крмов: До јуни треба да се постигне договор за измените на Изборниот законик

Работната група формирана за подготовка на новиот Изборен законик продолжува со работа, а пратеникот од Левица, Борислав Крмов, посочи дека за усвојување на законот ќе биде неопходен поширок политички консензус меѓу партиите.

Реал им забрани на навивачите да скандираат: Пеп изгледаш како пе**р“

фото: Football Journalist @Lux_CFC (X) Директорот на Реал Мадрид, Хозе Луис Санчез, разговараше со навивачите на клубот пред натпреварот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Манчестер Сити. УЕФА претходно го казни
Go toTop