Ѓорѓиевски: Поддршката за угостителите е клучна за економијата на Скопје

September 24, 2025
1 min read

Градоначалникот на општина Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска оствари средба со дел од скопските угостители, на која, како што соопшти, се разговарало за предизвиците и можностите за развој на угостителскиот сектор и оживување на ноќниот живот во главниот град.

„Угостителите се моторот на градската економија, дел од пулсот на Скопје, од неговата динамика и енергија. Се согласивме дека ноќниот живот мора повторно да заживее“, истакна Ѓорѓиевски.

Од средбата произлегол и предлог во неговиот иден кабинет да има посебен советник за угостителите, кој ќе биде избран од нив и ќе биде мост меѓу секторот и градските власти.

 

„Нашиот град заслужува да биде полн со енергија, младост и креативност, а тоа е возможно само со силна поддршка и партнерство со угостителите. Заедно ќе го направиме Скопје град на култура и силна економија“, додаде Ѓорѓиевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Комерцијална банка и Алкалоид со најголем промет на берзата

Следно

Коњановски: Битола има услови за економски раст и развој на компании

Latest from Blog

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop