Ѓорѓиевски од Шуто Оризари најави Културен дом „Есма Реџепова“ и нов фудбалски стадион

October 8, 2025
1 min read

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денес ја посети општината Шуто Оризари, каде што ги претстави клучните проекти што се дел од неговата визија за рамномерно и современо развиен главен град.

Ѓорѓиевски најави изградба на нов Културен дом „Есма Реџепова“, кој ќе биде изграден на местото на старото матично. Новиот објект, како што посочи, ќе стане центар на културниот живот во Шуто Оризари и симбол на локалниот идентитет. „Домот ќе биде простор за театар, концерти, изложби и младински активности, но и почит кон големата Есма Реџепова – амбасадор на ромската култура која со својот глас ја претставуваше Македонија во светот,“ изјави Ѓорѓиевски.

Меѓу капиталните проекти е и изградбата на нов фудбалски стадион, кој ќе содржи современ терен, трибини, соблекувални и осветлување. Според Ѓорѓиевски, стадионот ќе биде место каде младите ќе се натпреваруваат и ќе го развиваат спортскиот дух, но и простор за локални и регионални настани.

 

Планирана е и целосна обнова на Спортскиот центар „Шуто Оризари“, со реконструкција на терените, нови зелени површини и урбана опрема. „Целта е центарот повторно да стане средиште на спортот, рекреацијата и активниот живот,“ додаде Ѓорѓиевски.

Во својот настап, кандидатот ги претстави и новите социјални мерки што се дел од проектот „Скопје – град кој се грижи за сите“. Програмата предвидува финансиска и психосоцијална поддршка за социјално загрозените граѓани, прифатни центри со 24-часовна грижа и програми за ресоцијализација на бездомници.

„Нашата визија е Скопје да расте рамномерно и да создава можности за сите. Градот е силен само ако сите негови општини се силни и поврзани,“ порача Ѓорѓиевски, додавајќи дека проектите во Шуто Оризари се дел од поширокиот план за подобар и пофункционален главен град.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Белградски медиуми: Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

Следно

ИНТЕРВЈУ за Булевар – Тоневски: Време е Пробиштип повторно да биде град со енергија, развој и иднина

Latest from Blog

Binance обезбеди втора голема правна победа пред американски суд според Законот против тероризам за само две недели

Федералниот суд на САД во Алабама ги отфрли сите тужбени наводи против Binance во најновата судска победа Binance, најголемата светска крипто-берза, објави дека Федералниот суд во сојузната држава Алабама ги отфрлил сите

Божиновска: Снабдувањето со гориво е сигурно и стабилно за граѓаните

Со оглед на зголемувањето на цените на нафтата на светските пазари и ценовниот притисок што го чувствува целиот регион и светот, снабдувањето со гориво во Македонија е стабилно. Компаниите располагаат со обезбедени

Проданоски: Првата фабрика за селекција на отпад во Македонија ќе преработува до 10 тони на час

Во Прилеп е во завршна фаза изградбата на фабриката за селекција на отпад, проект кој претставува еден од најзначајните инфраструктурни за модернизирање на системот за управување со отпадот во општината. Станува збор

Димитриеска-Кочоска: Растот на БДП отвора простор за нови економски мерки

13 март 2026, Скопје – Буџетот е ликвиден. Пари се обезбедени навреме и има простор за мерки доколку се потребни. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во гостување во Само интерву“ на

Над 411 милиони денари капитални инвестиции реализирани во Битола

Денеска заседава Советот на Општина Битола каде на дневен ред е и завршната сметка и годишниот извештај на Општина Битола за 2025 година. Во продолжение Ви го пренесуваме интергрално обраќањето на градоначалникот
Go toTop