Ѓорѓиевски најавува динамични промени за Скопје: Повеќе зелени површини и сообраќајни решенија

September 7, 2025
1 min read

Градоначалникот на Општина Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска изврши увид на неколку клучни локации кои ќе бидат приоритет во првите месеци од неговиот мандат.

Меѓу проектите што се најавуваат се: довршување и пуштање во употреба на клучката кај Момин Поток, кружен тек на улица „Бутелска“, изградба на нов парк кај булеварот „Христијан Тодоровски-Карпош“ во Бутел, летни сцени на скопското Кале и Аквадуктот, како и првата фаза на булевар „Хрватска“.

Ѓорѓиевски истакна дека со силно темпо и динамика ќе бидат обезбедени сообраќајни решенија кои ќе ја олеснат секојдневната циркулација, ќе го направат градот пофункционален, поврзан и жив.

Во план се и нови парковски содржини и зеленило, како и културни активности на високо ниво, со цел Скопје да добие современ и европски лик.

„Ќе понудиме решенија за Скопје кое ќе функционира, а не празна реторика. Градот станува оној каков што скопјани навистина заслужуваат“, порача Ѓорѓиевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВЛЕН реагира: Тајни средби и српски капитал во фокусот на Османи

Следно

Во прекин сообраќајот за тешки товарни возила на магистралниот пат Маврово-Дебар

Latest from Blog

Проданоски во Радио Пела: Рестарт на Прилеп преку капитални проекти, ред во сообраќајот и ФК Победа

Градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, во своето прво официјално гостување во студиото на Радио Пела како прв човек на општината, отворено говореше за приоритетите, тековните инфраструктурни зафати и плановите за развој

Божиновска и ММФ разговараа за стабилноста на цените на горивата и енергетската независност

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари работна средба со претставници на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), предводени од шефот на мисијата во земјава, Ник Гигинеишвили. На состанокот се
Go toTop