Ѓорѓиевски: Градскиот воз ќе тргнува од Драчево кон центарот на Скопје

September 30, 2025
1 min read

Она што требаше да биде мала средба со граѓаните во Драчево вечерва прерасна во вистински митинг, изјави кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Во присуство на вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, пред бројните драчевчани беше претставена визијата за „достоинствено Скопје“.

Ѓорѓиевски истакна дека министерот Николоски ексклузивно најавил дека утре ќе се потпише договорот за проектот „градски воз“, кој многу брзо ќе почне да се реализира.

„Првата линија ќе минува токму низ Драчево и за само 7 до 11 минути ќе се стигнува до центарот на Скопје. Ова е историски чекор што ќе го промени секојдневието на илјадници граѓани и ќе го отвори патот кон поразвиено, современо и поврзано Скопје,“ изјави Ѓорѓиевски.

Тој нагласи дека поддршката од Владата на Република Македонија е доказ дека заедно може да се гради иднината што граѓаните ја заслужуваат.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Чарли Шин се враќа, но овој пат со безалкохолно пиво: Тоа е „ресет“ на мојот живот

Следно

Мицкоски: Промените не доаѓаат како молња, туку како изгрејсонце, тивко но неизбежно

Latest from Blog

Коњановски: Општина Битола инвестира во нова механизација за поефикасни комунални услуги

Со две нови комунални возила е збогатен возниот парк на јавното претпријатие „Комуналец“ Битола, за што како што вели директорот Горан Степановски она што го ветија пред јавноста го реализираат. Набавени се

Артета: Голема победа за нас

Екипата ан Арсенал синоќа обезбеди нова победа во премиерлигашкиот шампионат против тимот на Брајтон од 1:0. Триумфот е исклучително важен во битката за највисок пласман сезонава, затоа што сега Арсенал има седум

Општина Битола ја зајакнува комуналната дејност со нова механизација

Со две нови комунални возила е збогатен возниот парк на јавното претпријатие „Комуналец“ Битола, за што како што вели директорот Горан Степановски она што го ветија пред јавноста го реализираат. Набавени се
Go toTop