Ѓорѓиевски го потпиша Кодексот за фер избори: „Ќе бидам гарант за чесен процес во Скопје“

September 27, 2025
1 min read

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска го стави својот потпис на Кодексот за фер и демократски избори, со што јавно се обврза дека ќе биде гарант на транспарентен, фер и достоен изборен процес.

„Со голема чест и одговорност го ставив својот потпис на Кодексот за фер и демократски избори. Овој потпис е јасна и јавна обврска дека како кандидат за градоначалник ќе обезбедам процес кој ќе биде транспарентен, фер и достоен за доверба“, изјави Ѓорѓиевски.

Тој посочи дека чесноста, непристрасноста и отчетноста се темели врз кои се гради довербата во институциите и во самиот изборен процес. Ѓорѓиевски додаде дека се обврзува да ги почитува демократските принципи, да обезбеди еднакви услови за сите кандидати, како и да не дозволи притисоци, заплашувања или дискриминација.

„Изборите се мерило за зрелоста на нашиот народ. Должност ни е да создадеме атмосфера во која секој ќе може да ја искаже својата волја без страв, со право да учествува, да се информира и да гласа слободно“, рече тој.

Ѓорѓиевски нагласи дека со транспарентност и почит кон секој жител на Скопје може да се изгради посилна и поодговорна локална власт. Во својата изјава, тој упати порака до сите кандидати за заеднички натпревар со идеи и планови за подобро Скопје.

„Подавам рака на секој кандидат, со своите идеи и планови да направиме нешто повеќе за нашето Скопје и скопјани, бидејќи тие заслужуваат достоинствен град. Нека победи подобриот“, порача Ѓорѓиевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Објавени резултатите од гласањето за „Златната топка“: Воопшто не било напнато

Следно

Директорот на Царина: Борбата со корупцијата во фокус, годинава преку засилени контроли спречен криминал со употребувани возила

Latest from Blog

Ватикан бара од Трамп итно запирање на воените дејствија во Иран

Државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин, денеска упати необично директен и остар повик до американскиот претседател Доналд Трамп за што побрзо завршување на војната во Иран, истовремено барајќи од Израел да

Средба на Сиљановска-Давкова со словачката европратеничка Мириам Лексман

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Мириам Лексман, пратеничка во Европскиот парламент од Словачка, од групата на Европската Народна Партија. На средбата се разговараше за европската интеграција на државата, при што претседателката истакна

Херојот од Кочани доби спомен-обележје: во кобната ноќ возеше повредени, почина наредниот ден

Во чест на Илчо Гоцевски, возачот на Итната медицинска помош кој превезуваше повредени во огромниот пожар во Пулс во Кочани, денеска беше откриено спомен-обележје. Тој почина по исцрпувачката работа, на 17 март

Познати четвртфиналните двојки: Дуели на титаните во Париз, Мадрид и Барселона

Со завршувањето на вечерашните четири реванш осминафинални пресметки во Лигата на шампионите, одредени се сите учесници во четвртфиналето на Лигата на шампионите. ПСЖ – Ливерпул Реал Мадрид – Баерн Минхен Барселона –
Go toTop