Ѓорѓиевски ги избриша листите на чекање: Секое дете од Кисела Вода со место во градинка

August 21, 2025
1 min read

Подстаница во населбата Драчево, Кисела Вода, за првпат ќе добие детска градинка, соопшти денес градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Заедно со премиерот Христијан Мицкоски и заменик-министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски, тој направи увид во изградбата на објектот кој е во завршна фаза.

Современата градинка се протега на 300 м², со дополнително дворно уредување од 700 м². Ќе располага со три занимални простории, една јаслена и две хетерогени групи за деца од 2 до 6 години, со капацитет за 75 дечиња. Градинката ќе биде достапна и за деца од населбата Лисиче.

Паралелно, се привршува реконструкцијата на објектот „Пеперутка 1“ во Драчево со капацитет за 60 деца, а во Расадник се гради нова градинка за 125 дечиња. Неодамна беше отворена и градинката „Верверичка“ во населбата 11 Октомври – Згради, со што значително е зголемена покриеноста со предучилишни установи во општината.

Ѓорѓиевски истакна дека во последните четири години се изградени пет нови градинки и направени пет проширувања на капацитетите, со цел да се стави крај на листите на чекање за упис. „Нашата цел е секое дете да има пристап до градинка, секој родител да биде спокоен, а воспитувачите да имаат подобри услови за работа“, рече градоначалникот.

Тој додаде дека поддршката од премиерот Мицкоски и заменик-министерот Велковски е клучна за реализација на визијата дека секое дете заслужува квалитетно предучилишно образование и дека овој модел треба да стане пракса низ цело Скопје.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бела Ноќ во Битола: Два дена музика, уметност и магија на Широк Сокак

Следно

Во Загреб забележан кралски питон на улица

Latest from Blog

ПАРИТЕ ОДАТ ВО АЛБАНИЈА НАМЕСТО ВО БЕЛГРАД ПОРАДИ БЛОКАДЕРИТЕ: Зетот на Трамп ја откажува инвестицијата од 750 милиони евра

Зетот и инвеститор на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер, се откажа од инвестиција од 750 милиони евра за изградба на хотел во центарот на Белград и наместо тоа парите ќе одат

Сијарто: Европската политичка елита нема интерес за мир во Украина

Европската политичка елита „дефинитивно нема интерес“ за мир во Украина, изјави денес унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто, додавајќи дека мора да се направи сè за да се спречи „поткопување“ на

Јуфки со блитва и печурки

Потребни состојки: 500 грама јуфки 200 грама печурки 1 средна китка блитва 150 грама свежо сирење со ниска масленост (може да се користи и неутрална павлака) 1-2 лажички сув зачин малку бибер

Манасиевски: Никој не сака да биде во тимот на Заев и Филипче, за заштита на сопствените криминални интереси ја држат СДС во заложништво

Никој не му се нафаќа на Филипче да му биде дел од тимот, затоа што со Зоран Заев ја држат СДС во заложништво поради нивните криминални бизниси и интереси, изјави Валентин Манасиевски,
Go toTop