Ѓорѓиевски: Ги детектираме предизвиците на ЗЕЛС за 2025 година

December 12, 2024
1 min read

Буџетот и акцискиот план на ЗЕЛС за 2025 година и актуелни теми и предизвици со кои се соочуваат општините во земјава беа во фокусот на седмото Генералното собрание на Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС) што денеска се одржува во Скопје.

-Денес ја одржуваме седмата седница на Генералното собрание, највисокото тело на ЗЕЛС, на која ќе дискутираме за состојбите и сите оние проблеми кои ги надминавме заеднички со моите колеги изминатава тековна година. Ќе се разговара, исто така за плановите и предизвиците во перспектива за наредната година, дел од разговорите ќе бидат насочени околу унгарскиот кредит и повикот кој треба да се случи следната година, односно во месец февруари, но ќе разговараме исто така околу законските пречки со кои што се соочуваме и за нивно надминување, изјави претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски пред почетокот на Генералното собрание.

Потсети дека ЗЕЛС уште пред повеќе од една година иницира измени во Законот за локална самоуправа поврзани околу начинот на престанување на мандатот на градоначалниците, но и за одредени законски измени поврзани со експропријацијата кои што треба да се направат во координација со Министерството за транспорт и врски.

-На Генералното собрание денес ќе ги утврдиме состојбите со кои се соочуваме, но ќе ги утврдиме и перспективите и она што ќе ни биде силен и главен фокус за наредната година, посочи Ѓорѓиевски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ѓорѓиевски нема прецизни информации дали Владата ќе ги одземе ингеренциите за ЈСП

Следно

ЕУ го поздрави договорот Етиопија – Сомалија, ја поздрави „важната улога на Туркије“

Latest from Blog

ВЛЕН: Охридскиот рамковен договор не е сопственост на ДУИ

Коалицијата ВЛЕН преку соопштение упати остри критики кон ДУИ, обвинувајќи ја партијата дека го користи Охридскиот рамковен договор за партиски интереси и дека го блокира носењето на Законот за правична и соодветна

Заборавете на старото правило: Во маркетите цените се пониски отколку на пазар Заборавете на старото правило: Во маркетите цените се пониски отколку на пазар

Некогаш важеше непишаното правило дека овошјето и зеленчукот секогаш се купуваат на пазар бидејќи таму се најевтини. Денес, сликата е поинаква. Споредбата на цените покажува дека за голем број сезонски производи маркетите

22 пожари на отворен простор утрово

Вупно 22 пожари на отворен простор се регистрирани изутринава до 07:30 часот, од кои активни нема, под контрола нема, а 22 пожари се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи. ЦУК информира
Go toTop