Ѓорѓиевски: Дислокацијата на Цементарница не може да се реши преку ноќ, има и останати погони и фабрики кои треба да бидат дислоцирани

December 26, 2025
1 min read

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски ги поддржува заклучоците усвоени на вчерашната седница на Советот за аерозагадувањето и веќе за неколку дена најавува средба со заменик-министерката за животна средина и со премиерот за оваа проблематика.

– Од моја страна логистички ќе бидат поддржани овие заклучоци, изјави вечерва Ѓорѓиевски за централниот дневник на телевизија „Сител“.

За дислокацијата на цементарница Усје, вели дека тоа неможе да се реши преку ноќ и дека според него не е само Цементарница потенцијален загадувач, туку и останати погони и фабрики кои треба да се дислоцираат.

– За жал, повеќе од 30 години сите го констатирале проблемот, но никој не го решил. Цементарница не е единствениот потенцијален загадувач. Ние имаме и останати погони и фабрики кои според мене треба да бидат дислоцирани од централното градско подрачје. Имаме одредени погони во Железара, имаме фабрики за кабли, одредени отпади… Што значи дека системот што требало да се изгради, не е изграден. Тоа биле лоши проценки во минатото. Триесет години освен констатации, немаме помрднување од мртва точка, вели Ѓорѓиевски.

Посочи дека изминатиот период имаат изречено казни по 53 илјади евра на индустриски капацитети кои имаат Б интегрирана дозвола.

– Во оваа ситуација треба да постапува државната инспекција, но во соработка со нив, имаме контроли изминатиот период. Не се тоа најавени и помпезно пред медиумите претставени контроли, но имаме постапувано и за тоа одговорно тврдам, вели Ѓорѓиевски.

Најавува градење на систем со кој ќе се променат работите. Во план е проширување на топловодната мрежа во градот, односно нејзина достапност до секого затоа што, како што вели, има згради, куќи и останати објекти во центарот на градот кои не се поврзани на Топлификација. Интензивно се работи и на гасификацијата.

Вчера, како што посочи скопскиот градоначалник, усвоена е мерка во насока на намалување на аерозагадувањето во Скопје, односно донесена е одлука за субвенционирање на филтри за оџаци за домаќинствата.

На предлог на „Зелен хуман град“ вчера во Советот на Град Скопје беа усвоени заклучоци за аерозагадувањето, а еден од заклучоците е и дислокација на Цементарница Усје, каде во четвртокот протестираа група граѓани.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Празнична магија во Битола: Новогодишен базар во ООУ „Гоце Делчев“ ги собра учениците и граѓаните

Следно

Доргу во стилот на Зидан за победа на Манчестер Ј. на „Боксинг деј“

Latest from Blog

Комерцијална банка доминираше со промет – неделата 23–27.03 со 73,54 милиони денари вкупен промет

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот 23.03.2026 – 27.03.2026, на Македонска берза беа реализирани 351 трансакција со вкупен промет од 73.536.409 денари
Go toTop