Ѓорѓиевски: Дигитална трансформација на Скопје – 17 проекти за паметен, модерен, транспарентен и град кој се грижи за младите

October 13, 2025
1 min read

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, го претстави планот за целосна дигитална трансформација на главниот град, преку 17 стратешки проекти што ќе го претворат Скопје во прв целосно дигитализиран, модерен и транспарентен град во државата.

„Кога зборуваме за иднината на Скопје, зборуваме за град кој функционира паметно, брзо и чесно – град во кој системот, а не врските, ја движат работата. Таков град се создава со вистинска дигитална трансформација“, истакна Ѓорѓиевски.

Тој најави формирање на Смарт Центар – организациска единица што ќе биде срцето на дигитализацијата, преку која ќе се координираат сите проекти за паметен град. Центарот ќе овозможи дигитално управување со транспорт, отпад и јавни услуги во реално време.

 

Во рамките на реформата, ќе се воведат Документ менаџмент систем и ЕРП систем, кои ќе ја заменат хартиената администрација, овозможувајќи „paper free“ работа, јасен дигитален траг и целосна отчетност.

Меѓу проектите е и „Дигитален близнак на Скопје“, преку кој ќе се создаде дигитална реплика на градот со интегрирани просторни податоци, сензори и документи, што ќе овозможи интелигентно урбано планирање и поефикасно управување со инфраструктурата.

Ѓорѓиевски најави и дигитализација на сите градски регистри, воведување на е-даноци, е-адреса, електронско управување со проекти и дигитална платформа за културно наследство. Со проектот SKOPJE CITY GO, граѓаните ќе имаат единствена картичка за јавен превоз, паркинг, културни и спортски настани, со попусти за ученици, пензионери и лица со попреченост.

Посебен акцент Ѓорѓиевски стави на младите:

„Сакам да изградиме град што ќе им понуди шанса, простор и поддршка да растат и создаваат овде, во Скопје.“

Тој најави ослободување од комуналии за млади брачни парови до 40 години без имот, задолжително младинско вработување, Младински центар за кариера и поддршка за млади занаетчии.

„Кога градот е дигитален, секој млад човек може лесно да учи, работи, креира и живее овде. Тоа е Скопје што ни е потребно и Скопје што ќе го добиеме“, порача Ѓорѓиевски, додавајќи дека најдоброто допрва доаѓа.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Почина познатиот италијански дизајнер Чезаре Пачоти

Следно

Гана се врати на Мундијалот

Latest from Blog

Почина тајната ќерка на Фреди Меркјури- дури лани се дозна дека Биби воопшто постои

Тажната вест ја објави нејзиното семејство. Според „Дејли меил“, Фреди ја нарекол својата тајна ќерка Биби. Нејзиното постоење било откриено во јавноста дури минатото лето, во книгата на авторката Лесли Ан Џонс,

Крај на една ера: Од 2028. циркусите во Франција нема да користат животни на настапите

Според новиот национален закон во Франција, на патувачките циркуси повеќе нема да им биде дозволено да изведуваат точки со диви животни, а практиката треба целосно да се укине до 2028 година. Промената

Хоџа и бизнис-секторот разговараа за одржлив развој и енергетска ефикасност

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денес одржа работен состанок со делегација од Стопанската комора на Северозападна Македонија (СКСЗМ), предводена од в.д. претседателот Нухи Алиу. За време на состанокот,

ВИДЕО: Лабрадор вклучен во терапевтскиот процес на Клиниката за психијатрија

Куче од расата лабрадор, наречено Роџер, е вклучено во терапевтскиот процес на Универзитетската клиника за психијатрија. – Ова е Роџер, најновиот член од нашиот тим на ЈЗУ Универзитетска клиника за психијатрија. Станува
Go toTop