Ѓорѓиев: Европската златна лига ќе ни биде голем тест пред квалификациите

May 4, 2024
1 min read

Македонската машка одбојкарска репрезентација се подготвува за настапот во Европската златна лига 2024 каде за противници ќе ги има Естонија, Чешка, Азербејџан, Хрватска и Шпанија.

Пред новите репрезентативни обврски своите очекувања ги сподели репрезентативецот Ѓорѓи Ѓорѓиев:

– Убаво е чувството кога сте во репрезентацијата, среќен сум што ги гледам момците и што играм со нив, и сè е во најдобар ред. Нашата цел е пласман на Европското првенство, што би било четврто по ред за нас, целиот фокус ќе биде на квалификациите во август. Европската златна лига ќе ни биде голем тест, имаме краток период на подготовки, подмладени сме, што е убаво за оваа репрезентација. Тест да видиме до каде сме, и што можеме да подобриме за овие европски квалификации. Ќе уживаме во одбојката, се надевам дека ќе имаме и добри резултати – рече Ѓорѓиев.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Внукот на Тоше, Кристијан преку фотогалерија му оддаде последна почит на својот дедо (ФОТО)

Следно

Променливо облачно, наместа со повремени врнежи од дожд

Latest from Blog

Милевски разочаран од поразот: “Срамотен настап, изгледаше како играчите и селекторот првпат да се гледаат“!

И Украина исто како Македонија, вчера во полуфиналето од плеј – офот за пласман на СП, беше убедливо поразена од селекцијата на Шведска и тоа со 1:3. Болен пораз за Украинците по

Нова урбана зона во Битола – конкурс за најдобро идејно решение

Основна цел на конкрсот е да се добие квалитетно урбанистичко – архитектонско и пејсажно решение за нова спортско-рекреативна зона во АРМ – Битола, со компатибилни мали комерцијални и деловни намени, следејќи ги

Сeјфулаху: Кризата на Блискиот Исток и глобалното влијание – психолошка перспектива

Тензијата на Блискиот Исток и нејзините ефекти врз глобалната економија, особено во секторот на нафта и енергија, создадоа бран на несигурност и анксиозност кај луѓето ширум светот. Зголемувањето на цените, економската нестабилност
Go toTop