Големиот војвода Гијом положи заклетва како нов владетел на Луксембург

October 3, 2025
1 min read

-Ќе го живеам животот на мојот народ, од кого не сакам да ме дели никаква пречка. Ќе ги споделувам нивните радости и страдања, рече Гијом во својот прв говор како владетел, цитирајќи го говорот од 1919 година на Големата војвотка Шарлот, една од неговите претходнички.

„Симбол на принципите на слобода и единство утврдени во нашиот Устав, монархијата остана – тогаш како и сега – постојана референтна точка и цврста поддршка во време на криза“, рече Гијом, кој положи заклетва пред луксембуршкиот Устав пред 60 пратеници.

Големиот војвода Гијом (43) ја презеде функцијата од својот татко Анри (70), кој абдицираше во негова корист откако 25 години служеше во многу симболична улога како владетел во ова мало војводство во центарот на Европа.

Како и неговиот татко Анри, Гијом се школувал во Франција, Швајцарија и Британската воена академија Сандхерст, а потоа работел за белгиски, германски и шпански фирми.

Со него на церемонијата беа неговата сопруга војвотката Стефани од Ланој, родена во Белгија, и синовите принцот Чарлс (5) и принцот Франсоа (2).

Гијом е седмиот Голем војвода на Луксембург од 1890 година, кога беше воспоставена модерната монархија.

На церемонијата присуствуваат кралските семејства на Холандија и Белгија, а новиот Голем војвода ќе биде домаќин на гала вечера за гостите, меѓу кои се и претседателите на Франција и Германија, Емануел Макрон и Франк Валтер Штајнмаер.

Во текот на викендот, Гијом ќе направи ритуална обиколка на својата земја и ќе ја заврши со миса со надбискупот Жан-Клод Олерих во римокатоличката катедрала Нотр Дам во Луксембург.

Свеченостите по повод крунисувањето се планирани низ целата земја до недела.

Луксембург е парламентарна демократија со Голем војвода како шеф на државата, слично на Велика Британија и Белгија. Има околу 700.000 жители и е последното преостанато големо војводство во светот.

Луксембург е една од најмалите земји на Европската Унија и најбогата по БДП по глава на жител, таа е финансиска сила и седиште на важни институции на ЕУ, како што се Европскиот суд на правдата и Европската инвестициска банка. Луксембург,исто така, е седиште на многу банки од земјите од еврозоната, компании за реосигурување и менаџери на хеџ фондови и пазари на пари.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Коњановски најавува современо и безбедно уредување на реката Драгор

Следно

Нормализиран сообраќајот на патот Бунец – Леуново, во прекин Никфорово – Леуново

Latest from Blog

Иран ќе ја бојкотира ждрепката за СП 2026

фото: Megatron (X) Иранската фудбалска федерација одлучи да ја бојкотира ждрепката за Светското првенство во 2026 година, која ќе се одржи на 5 декември во Вашингтон, откако САД одби да им даде

Кремљ: Ја добивме мировната рамка меѓу Украина и САД, ќе ја разгледаме идната недела

Русија ја доби она кое САД и Киев го нарекоа „ажурирана и префинета мировна рамка“ за завршување на војната во Украина, и ќе биде дискутирана следната недела, потврди денеска Кремљ. Рускиот претседател

Петте јазици на љубовта: Брачен терапевт открива зошто често не се разбираме иако се сакаме

Гери Чепмен е доктор по психолошки науки, мотивациски говорник и брачен советник. Веќе неколку децении активно работи на емоционални проблеми, помагајќи им на луѓето да изградат цврсти и долготрајни врски. Неговата книга

Ѓорѓиевски: Нема повеќе узурпација, започнавме голема акција за расчистување на бесправно изградените објекти (ВИДЕО)

Ги отстрануваме бесправно изградените објекти – нема повеќе узурпација. Започнавме голема акција за расчистување на бесправно изградените објекти, во тесна соработка со сите скопски општини, информира градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
Go toTop