ГОЛЕМИ ГУЖВИ НА ГРАНИЦА УТРОВО Возачите чекаат до 40 минути на Табановце и на Дојран

December 8, 2025
1 min read

Долги колони возила повторно ја забавуваат динамиката на патувањето утрово, откако на граничните премини „Дојран“ и „Табановце“ се регистрира зголемени задржувања. На „Дојран“ времето на чекање изнесува околу 30 минути, додека на излез од државата на „Табановце“ возачите чекаат до 40 минути.

На останатите гранични премини од македонска страна засега нема подолги задржувања, но надлежните внимателно ја следат состојбата поради зголемена фреквенција на возила во утринските часови.

Паралелно со граничниот метеж, сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози, а поради магла е намалена видливоста на планинските превои Ѓавато и Пресека. ЈП „Македонија пат“ информира дека е можен појава на поситни одрони на делници што минуваат низ усеци и клисури, кои редовно се расчистуваат.

Од претпријатието апелираат за внимателно возење, прилагодена брзина и доследно почитување на сообраќајните правила, особено на патиштата со намалена видливост.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Чаби Алонсо полуде поради судиите: Воопшто не ми се допаѓа ваков вид на судење

Следно

Најголемите гурмани во зодијакот: Кои знаци навистина уживаат во храната?

Latest from Blog

Трагедија на Тенерифе: Големи бранови повлекоа посетители, три лица загинаа

Во неделата попладне, на северозападниот брег на Тенерифе, голем бран ги повлече купачите во морето во популарните природни базени кај Лос Гигантес. Три лица загинаа, тројца се повредени, а за уште една

Најголемите гурмани во зодијакот: Кои знаци навистина уживаат во храната?

Додека некои се задоволуваат со брз залак, за други храната е вистинска уметност и едно од најголемите задоволства во животот. Астрологијата открива дека склоноста кон хедонизам и гурмански искуства може да биде

Честитка од Македонско друштво “Илинден“-Тирана по повод празникот Свети Климент Охридски

По повод христијанскиот празник Свети Климент Охридски, македонското друштво “Илинден“-Тирана, упати честитка до Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустиниана Прима, господин,  господин Стефан и до сите Македонци каде и да се. Од

Тајланд ја нападна Камбоџа – изведени воздушни напади

Тајланд денеска изврши воздушни напади долж спорната граница со Камбоџа, откако двете земји се обвинија меѓусебно за прекршување на договорот за прекин на огнот во кој посредуваше американскиот претседател Доналд Трамп. Тајландската
Go toTop