Големата битка заврши: Проданоски објави дека пожарот во Мариово е изгаснат

August 23, 2026
1 min read

Проданоски: По седум дена непрекината борба, пожарот во Мариово е изгаснат

По седум дена непрекината борба и огромни напори на сите екипи ангажирани на терен, пожарот во Мариово е целосно изгаснат, информира градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски.

Проданоски упати благодарност до сите институции, пожарникари, војници, полицајци, доброволци, мештани и граѓани кои во изминатите денови беа директно вклучени во справувањето со огнената стихија.

„Ова беше тешка и долга битка, во која на терен беа ангажирани голем број екипи, припадници на институциите, доброволци, мештани и поединци кои несебично помогнаа во справувањето со пожарот“, истакна Проданоски.

Тој посебно им се заблагодари на Територијалната противпожарна единица од Прилеп, Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи, Армијата, ЈП „Национални шуми“, МВР, ТППЕ Скопје и ТППЕ Кавадарци, како и на градоначалниците Орце Ѓорѓиевски и Митко Јанчев.

Благодарност упати и до доброволните противпожарни друштва од Битола, Кочани, Кавадарци и Виница, Универзалниот тим од Општинскиот штаб за заштита и спасување од Прилеп, како и до жителите на Чаниште, Крушевица, Мажучиште, Мало Коњари и Големо Коњари.

Во гаснењето на пожарот помогнале и повеќе општествено одговорни компании и индивидуални земјоделци со сопствена механизација.

Проданоски информираше дека и пожарот што вчера се појавил на потегот од Мажучиште, преку Мало и Големо Коњари до Широк пат – Варош, бил локализиран за кратко време благодарение на брзата реакција на екипите на терен.

„Во моментов, изгаснат е и последниот крак на пожарот кај с. Бонче и состојбата е целосно под контрола“, соопшти градоначалникот.

Тој упати и апел до граѓаните за максимална внимателност и одговорност, предупредувајќи дека една искра или едно невнимание може за кратко време да предизвика пожар со сериозни последици.

„Покажавме дека кога сме обединети, солидарни и посветени, можеме да се справиме и со најтешките предизвици. Благодарност и длабока почит до сите што беа дел од оваа голема борба“, порача Проданоски.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Скандал уште на стартот во Серија А: Дали судијата му помогна на Наполи да победи?!(ВИДЕО)

Следно

Што се крие под Самуиловата тврдина? Археолозите повторно почнаа да копаат во Охрид

Latest from Blog

Спор околу Сеута: Шпанската опозиција бара распоредување на морнарицата

Неговото барање доаѓа како одговор на непотврдени извештаи дека марокански патролен брод претходниот ден навлегол во водите на шпанската енклава. Како лидер на опозицијата, Феихоо му се спротивставува на актуелниот социјалистички премиер

Одлични вести за навивачите на Барселона: Рафиња и Де Јонг се враќаат за дуелот против Бетис

Барселона ја очекува тешко гостување кај Бетис во деветтото коло од Ла Лига, а тренерот Ханси Флик на прес-конференцијата потврди дека Рафиња и Френки де Јонг се опоравиле од повредите. Каталонците имаат

Македонската берза ја заврши неделата во минус: МБИ10 падна на 9.006,70 поени

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 16.10.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.006,70 поени. Во однос

Иран тврди едно, Америка друго, кој го контролира Ормускиот теснец?

Иранската револуционерна гарда вчера соопшти дека контејнерски брод, кој плови под знамето на Сингапур, потонал откако удрил во поморска мина во Ормускиот теснец, пренесува Ал Џезира. ЦЕНТКОМ (CENTCOM), сепак, наведе дека цивилниот
Go toTop