Голем енергетски чекор: Македонија се приклучува кон Вертикалниот гасен коридор

July 15, 2026
1 min read

Македонија направи важен чекор кон интеграција во регионалната енергетска инфраструктура, откако НОМАГАС АД Скопје за првпат учествуваше на состанокот на операторите на системите за пренос на природен гас во рамките на проширениот Вертикален гасен коридор, одржан во Атина.

Со учеството на НОМАГАС, заедно со српскиот оператор Transportgas Srbija, Западен Балкан официјално се вклучува во понатамошниот развој на оваа регионална иницијатива. На состанокот присуствуваа претставници на операторите од Грција, Бугарија, Романија, Молдавија, Унгарија, Словачка и Украина, како и компании што управуваат со клучна гасна инфраструктура.

Во наредниот период ќе се анализираат расположливите капацитети, интерконекциските точки и планираните инфраструктурни проекти, а ќе биде формирана и заедничка техничка и комерцијална работна група која ќе ја координира подготовката за проширување на Коридорот.

Извршниот директор на НОМАГАС, Недим Рама, оцени дека учеството на компанијата претставува значаен чекор кон подобро поврзување на земјата со регионалната енергетска мрежа.

„Ова значи навремена координација на развојот на домашниот систем со интерконекторите кон Грција и Србија и создавање услови за пристап до повеќе извори и повеќе правци на снабдување. Проширувањето на Коридорот дополнително го зголемува значењето на националните инфраструктурни проекти за сигурноста, стабилноста и флексибилноста на снабдувањето со природен гас“, изјави Рама.

Вертикалниот гасен коридор не претставува единствен гасовод, туку регионална платформа што ги поврзува постојните и идните национални гасни системи, интерконектори и терминали. Неговата цел е да ја подобри сигурноста на снабдувањето, да обезбеди диверзификација на изворите и транспортните правци и да ја зајакне интеграцијата на пазарите на природен гас во Југоисточна и Централна Европа.

За Северна Македонија, приклучувањето кон оваа иницијатива е тесно поврзано со изградбата на гасниот интерконектор со Грција и подготовките за поврзување со Србија, проекти што треба да овозможат поголема енергетска сигурност и намалување на зависноста од единствен правец на снабдување.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мега – спектакл на свеченото затворање на СП: Роби Вилијамс, Никол Шерцингер, Том Круз…(ФОТО)

Следно

Милијарди во рудници низ Европа, македонскиот бакар останува неискористен

Latest from Blog

Само Ланс знае како против ПСЖ!

фото:facebook.com/RCLens Ланс – ПСЖ 1:0 во меч од Суперкупот на Франција. Значи нема нов трофеј за четата на Луис Енрике која во последните две години просто е “казнена експедиција“. Ја покори Европа,

“УБИЈТЕ 30-40 ПАЛЕСТИНЦИ СЕКОЈА НОЌ“. Со децении вакво нешто не е наредено, освен сега од Израел

Скандалозна изјава на израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир еден од најесктремните десничарски политичари во владејачката коалиција на Бенјамин Нетанјаху, ја потресе светската јавност. Тој јавно заговара убивање 30 до 40

Охридското Езеро годинава ќе биде порибено со 1,6 милиони единки пастрмка

Годинава се планира Охридското Езеро да биде порибено со околу 1,6 милиони единки од ендемичниот вид охридска пастрмка, што е за околу 500 илјади повеќе во споредба со минатата година, информираше заменик-министерот
Go toTop